АФА ГО СМЕНИ СЕЛЕКТОРОТ МАРАДОНА
Со едногласна одлука на Извршниот Одбор на Аргентинскиот Фудбалски Сојуз (АФА), од селекторското место е сменет контроверзниот селектор Диего Армандо Марадона. Со тоа заврши 21 месечната работа на Мардона.
За овој период додека седеше на клупата на Аргенстинската репрезентација, Марадона во селекцијата повикал околу сто играчи. По срамниот пораз од Боливија од 1:6 во квалификациите за неодамна завршеното Светско Првенство, Марадона беше критикуван од речиси сите спортски новинари. Но кога го обезбеди пласманот речиси во последниот момент, си дозволи да ги нападне и навреди сите оние кои ја критикуваа неговата работа.
Со Мардона се сменети и сите негови помошници.
Постави Коментар













