ПОРАДИ УЦЕНА СЕ ОБЕСИЛ
Алоис В (55) од гратчето Јирково (Чешка) неодамна се обесил откако една проститутка го уценувала дека ќе го тужи затоа што ја силувал.
Се почнало откако Алоис во еден од дневните весници пронашол оглас. Му се јавила една девојка која се претставила како Ханка и која имала 22 години. Му пратила нејзини разголени фотографии. Контактот бил воспоставен. Отишле на ручек а потоа таа го повикала во нејзиниот стан. Секс немале и тој не допирајќи ја девојката си заминал.
Потоа почнал да добива СМС пораки во кои Ханка му се заканувала дека ќе го пријави за силување. Најпрвин му побарала 20.000 € за да не пушти тужба, за да по некој ден му се јави нејзиниот адвокат и му побара околу 3.000 €.
Алоис им рекол дека нема такви пари, седнал го напишал писмото со вистината и се обесил.
Постави Коментар













