ФРЛААТ СЕ ШТО ЌЕ ИМ ДОЈДЕ ДО РАКА
Со летните горештини започнаа и проблемите за станарите на пониските катови во станбените згради. Особено ваквиот тренд на нарушување на екологијата а и на глетката на станарите е речиси секојдневна појава за оние кои живеат во Градскиот Трговски Центар во зградата „А“.
Имено веќе тоа стана пракса да неодговорните станари од повисоките катови без никаква почит кон соседите, од нивните тераси фрлаат смет во различни пакувања иако пред самата зграда се наоѓаат три контејнери од кои редовно се собира сметот. Фотографиите што деновиве ги забележавме покажуваат дека културата е на најниско ниво а совеста кај одредени поединци како и да не постои.
По се изгледа дека надлежните ќе мора да се позанимаваат и со овој проблем. Па доколку се забележи некој да фрли смет долу пред зградата или на самиот кров од продавниците ќе мора за тоа и да одговара. Казните се најсигурната мерка за стекнување на културата и за развивањето на совеста кај оние кои одамна тоа го заборавиле.
С. Ивановски
- dace
- R.P.
- aleksandar
- c c c c c c
- Kocani
Постави Коментар













