туризам Archives - Комарец https://komarec.com.mk/kategorii/turizam/ Портал за град Кочани Mon, 11 Nov 2024 11:28:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.1 https://komarec.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/komarec-logo-full-150x60.png туризам Archives - Комарец https://komarec.com.mk/kategorii/turizam/ 32 32 ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА ПОНИКВА https://komarec.com.mk/padna-prviot-sneg-na-ponikva/ Mon, 11 Nov 2024 11:28:03 +0000 https://komarec.com.mk/?p=21389 Од утринава Пониква е покриена со снежна бела покривка што дава една посебна убавина. Инаку денес точно на пладне измерени се 8 сантиметри снег кој и понатака ситно си паѓа. Според прогнозите се очекува дека годинава ќе има повеќе снег од минатите години.   С.  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА ПОНИКВА appeared first on Комарец.

]]>
Од утринава Пониква е покриена со снежна бела покривка што дава една посебна убавина.

Инаку денес точно на пладне измерени се 8 сантиметри снег кој и понатака ситно си паѓа.

Според прогнозите се очекува дека годинава ќе има повеќе снег од минатите години.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА ПОНИКВА appeared first on Комарец.

]]>
ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА „ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ“ https://komarec.com.mk/panel-diskusija-odrzhliv-turizam-za-patuvane-vo-kochani/ Mon, 11 Mar 2024 15:57:32 +0000 https://komarec.com.mk/?p=17013 Општина Кочани во соработка со Здружението „Еко Логик“ – Скопје денеска организираа панел-дискусија на темата: „Одржлив туризам за патување во Кочани“. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој говореше за  природните потенцијали на Кочани и можностите за нивно ставање во функција на развој на туризмот, како и за потребата од подигање на свеста...

The post ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА „ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ“ appeared first on Комарец.

]]>
Општина Кочани во соработка со Здружението „Еко Логик“ – Скопје денеска организираа панел-дискусија на темата: „Одржлив туризам за патување во Кочани“.

Настанот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој говореше за  природните потенцијали на Кочани и можностите за нивно ставање во функција на развој на туризмот, како и за потребата од подигање на свеста за промовирање зелени вештини и професии, особено во секторот туризам.

Пред присутните беа презентирани четири теми. Успешната приказна за одржлив туризам со „Еуро Хотел Градче“ ја претстави Руди Георгиев. Ирена Мирчовска од Еко Тим Исток – Кочани презентираше креирање на туристичка мапа за еко туризам  во Кочани, како и бизнис план за еко туризам, резултат од проектна активност на Еко Тим Исток, а Лазо Димитров од граѓанското здружение „Среќни луѓе“ го претстави проектот „Браната Градче да блесне како езерски бисер“ – проекти поддржани од ЕУ и кофинансирани од Општина Кочани.

Активноста е дел од проектот „Припер“ – Промовирање заштита на природата и учење за климатските промени,  проект кој е  финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата KA2 – Партнерства за соработка во областа на младите. Координатор на проектот е Општина Ушак од Турција.

Други партнери во проектот, покрај Општина Кочани се општините Селчи од Италија и Метаморфозис од Грција, потоа Еко Логик – Македонија, Sustainable development Association  од Турција, System Dynamics Italian Chapter – Италија и LATRA Innovation Lab – Грција и Symplexis – Грција.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА „ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ“ appeared first on Комарец.

]]>
СТАРТУВА СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОНИКВА https://komarec.com.mk/startuva-skijachkata-sezona-na-ponikva/ Fri, 08 Dec 2023 09:08:00 +0000 https://komarec.com.mk/?p=15587 Обилните врнежи од снег кои на Пониква направија поголема снежна покривка се поклопија некако со терминот за започнување на скијачката сезона. Како што не информираат, денес во периодот од 10:00 до 15:00 часот љубителите на скијањето ќе можат да ја користат „Патеката 1“. За користење на „Патеката 3“ уште нема доволно снег за да истата...

The post СТАРТУВА СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОНИКВА appeared first on Комарец.

]]>
Обилните врнежи од снег кои на Пониква направија поголема снежна покривка се поклопија некако со терминот за започнување на скијачката сезона.

Како што не информираат, денес во периодот од 10:00 до 15:00 часот љубителите на скијањето ќе можат да ја користат „Патеката 1“. За користење на „Патеката 3“ уште нема доволно снег за да истата биде потполно подготвена.

Пониква ве очекува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post СТАРТУВА СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОНИКВА appeared first on Комарец.

]]>
СНЕГ НА „ПОНИКВА“ https://komarec.com.mk/sneg-na-ponikva-2/ Sat, 18 Nov 2023 18:51:32 +0000 https://komarec.com.mk/?p=15158 Ладниот бран кој од пред некој ден почна да се шири на Балканот го донесе и првиот снег. Денес посетителите на „Пониква“ беа пријатно изненадени од снежната бела покривка. Според  прогнозите студеното време ќе потрае а дотогаш можно е врвежите на снег да продолжат и снежната бела покривка да изнесува неколку сантиметри. Таман да ги...

The post СНЕГ НА „ПОНИКВА“ appeared first on Комарец.

]]>
Ладниот бран кој од пред некој ден почна да се шири на Балканот го донесе и првиот снег. Денес посетителите на „Пониква“ беа пријатно изненадени од снежната бела покривка.

Според  прогнозите студеното време ќе потрае а дотогаш можно е врвежите на снег да продолжат и снежната бела покривка да изнесува неколку сантиметри. Таман да ги предизвика љубителите на скијањето

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post СНЕГ НА „ПОНИКВА“ appeared first on Комарец.

]]>
ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“ https://komarec.com.mk/promocija-na-proektot-zapoznaj-gi-ubavinite-na-opshtina-kochani/ Sat, 30 Sep 2023 17:30:51 +0000 https://komarec.com.mk/?p=14121 Во рамки на Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ кој во Кочани се одржува во периодот 29.09 – 01.10 2023 година, Здружението „Еко Тим Исток“ беше дел од настан -„Промоција на природните убавини и туристички вредности на општина Кочани“ на кој го промовираше проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“, и можностите кои ги нуди проектот....

The post ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“ appeared first on Комарец.

]]>
Во рамки на Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ кој во Кочани се одржува во периодот 29.09 – 01.10 2023 година, Здружението „Еко Тим Исток“ беше дел од настан -„Промоција на природните убавини и туристички вредности на општина Кочани“ на кој го промовираше проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“, и можностите кои ги нуди проектот.

На настанот здружението учествуваше со свој етно – еко штанд на кој беа претставени дел од културата, традицијата и локалните специјалитети од храна на општина Кочани. Штандот беше подготвен од дел од целната група – жени производители на ракотворби и специјалитети од храна кои се вклучени во проектот.

Проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ на Здружението „Еко Тим Исток“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“ е кофинансиран од Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“ appeared first on Комарец.

]]>
ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“ https://komarec.com.mk/promovirane-na-proektot-zapoznaj-gi-ubavinite-na-opshtina-kochani/ Tue, 04 Jul 2023 14:23:35 +0000 https://komarec.com.mk/?p=12558 Во општина Кочани започна нов проект „Запознај ги убавините на општина Кочани“, кој во наредните дванаесет месеци ќе го имплементира Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани во партнерство со „Здружението на бизнис жени“ – Скопје. Оваа активност се реализира во рамките на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е...

The post ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“ appeared first on Комарец.

]]>
Во општина Кочани започна нов проект „Запознај ги убавините на општина Кочани“, кој во наредните дванаесет месеци ќе го имплементира Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани во партнерство со „Здружението на бизнис жени“ – Скопје.

Оваа активност се реализира во рамките на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот е кофинансиран од Општина Кочани. Главна цел на проектот е рурален и алтернативен туризам преку искористување и промоција на културно-историското наследство, природните убавини и реткости за креирање богата и разновидна туристичка понуда во општина Кочани.

Целна група ќе бидат минимум 20 жители на општина Кочани, со акцент на жителите на руралните средини, а ќе бидат вклучени и минимум 3 лица од маргинализирани групи (лица со хендикеп, жени – жртви на семејно насилство, членови на еднородителски семејства, претставници од етнички малцинства). Ќе бидат вклучени 10 мажи (50%) и 10 жени (50%) во посебни сегменти од проектот.

„Освен некоја форма на масовен туризам на неколку локации која е сезонска или поврзана со одредени празници, во општина Кочани туризмот е на незавидно ниво. Посебно кога станува збор за рурален и алтернативен туризам, кои во поседно време земаат сериозен замав во општеството. Спротивно од тоа, општина Кочани располага со голем број на знаменитости, верски локалитети, културни манифестации кои можат да бидат добра основа за развивање на рурален и алтернативен туризам. Бидејќи овие форми на туризам се доста комплексни, нашиот проект ќе биде насочен конкретно кон културно-историски, верски туризам и гастрономија, односно креирање на туристичка понуда која ќе биде една целина, а ќе вклучува повеќе сегменти“, изјава Ирена Мирчовска – координатор Бенефитот од проектот ќе биде повеќестран. Директен бенефит ќе имаат целната група – минимум 20 жители на општина Кочани (мажи, жени, лица од маргинализирани групи) кои ќе бидат директни креирачи и реализатори на туристичката понуда, како и општина Кочани која ќе биде промовирана и посетувана, а непроценлив е и бенефитот на самите посетители/туристи кои ќе ги уживаат благодетите на самата понуда.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Очекувани резултати од проектот се:

– Идентификувани и развиени локални туристички можности за културно-историски, верски туризам и гастрономија;

– Развиени капацитети за културно-историски, верски туризам и гастрономија;

– Зголемена видливост на потенцијалите на културно-историски, верски туризам и гастрономија..

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“ appeared first on Комарец.

]]>
ЦАРЕВ ВРВ – СКИ ЦЕНТАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ https://komarec.com.mk/carev-vrv-ski-centar-na-osogovskite-planini/ Mon, 26 Jun 2023 14:21:40 +0000 https://komarec.com.mk/?p=12414 На 23 јуни 2023 година градоначалниците на општините што гравитираат околу Осоговските Планини: Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Кратово; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и центрите за развој на Источниот и на Североисточниот плански регион потпишаа меморандум за соработка кој ќе овозможи користење на средствата од Програмата за рурален развој на Министерство...

The post ЦАРЕВ ВРВ – СКИ ЦЕНТАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ appeared first on Комарец.

]]>
На 23 јуни 2023 година градоначалниците на општините што гравитираат околу Осоговските Планини: Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Кратово; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и центрите за развој на Источниот и на Североисточниот плански регион потпишаа меморандум за соработка кој ќе овозможи користење на средствата од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за подготовка на потребната документација за изградбата на ски-ресорт на Царев Врв.

Станува збор за капитална инвестиција која во овој момент е препознаена како стратегиски приоритет на државата, но и самото тоа што идниот урбанистички план што треба да се изработи за Царев Врв, а опфаќа 5 општини и заштитено подрачје – претставува план од државен интерес. Според планирањата, тоа би бил современ и модерен ски-центар кој согласно местоположбата би бил во петте најголеми ски-центри на Балканот.

Прв претстоен чекор е изработка на ажурирана физибилити студија која треба да понуди најсоодветни сообраќајни решенија за пристап до ски-центарот; со која ќе се определат локации за базните туристички населби, што ќе придонесе да се врати животот во руралните средини. Студијата треба да ги разработи и останатите атрактивности на Осоговските Планини и содржини за сите посетители во текот на целата година.

Со студијата ќе се дефинира и начинот на поврзување на идниот ски-центар на Царев Врв со постојните туристички центри Пониква и Калин Камен.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ЦАРЕВ ВРВ – СКИ ЦЕНТАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ appeared first on Комарец.

]]>
ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ГРАТЧЕ – ДА БЛЕСНЕ ЕЗЕРСКИОТ БИСЕР“ https://komarec.com.mk/promocija-na-proektot-gratche-da-blesne-ezerskiot-biser/ Sat, 24 Jun 2023 20:16:41 +0000 https://komarec.com.mk/?p=12378 ПРОМОЦИЈА  НА  ПРОЕКТОТ  „ГРАТЧЕ  –  ДА  БЛЕСНЕ  ЕЗЕРСКИОТ  БИСЕР“ Почитувани, „На оваа прес конференција, која ја одржуваме на брегот на езерскиот бисер „Градче“, практично го промовираме Проектот: „Градче – да блесне езерскиот бисер“, кој почнува со  имплементирање од денеска и ќе се спроведува во наредните шест месеци“, истакна на прес конференцијата Ангела Митевска, асистент на...

The post ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ГРАТЧЕ – ДА БЛЕСНЕ ЕЗЕРСКИОТ БИСЕР“ appeared first on Комарец.

]]>
ПРОМОЦИЈА  НА  ПРОЕКТОТ  „ГРАТЧЕ  –  ДА  БЛЕСНЕ  ЕЗЕРСКИОТ  БИСЕР“

Почитувани,

„На оваа прес конференција, која ја одржуваме на брегот на езерскиот бисер „Градче“, практично го промовираме Проектот: „Градче – да блесне езерскиот бисер“, кој почнува со  имплементирање од денеска и ќе се спроведува во наредните шест месеци“, истакна на прес конференцијата Ангела Митевска, асистент на проект.

На настанот покрај претставник на Општина Кочани, се присутни ученици од основните и средните училишта, претставници на ЗГ „Среќни луѓе“, како и други доброволни соработници ангажирани околу проектните активности.

На денешната прва организирана активност сакам да истакнам дека севкупната цел на проектот е да се подобри пристапноста и искористеноста на езерото „Градче“ и неговото крајбрежје во повеќе сегменти, кои ќе придонесат за долгорочно подобрување на севкупните туристички и рекреативни состојби, како реална можност за подобар живот на граѓаните, а конкретната цел е да се подобри пристапноста до сите убавини на крајбрежјето, како и промоција на туристичките вредности и придружни содржини на езерото.

Очекуваните резултати се Подобрена понуда на туристичките можности на „Градче“ како атрактивна дестинација, привлекување поголем број туристи во секое време и во сите сегменти од езерскиот туризам, подобрени услови за развој на спортскиот риболов, спортови на вода и пешачки тури низ природните убавини.

Од активностите во претстојниот период би ги истакнала расчистувањето на дел од езерското крајбрежје, проширување на пешачките патеки, поставувањето да летниковци и уште две клупи на погодни локации, кои ќе бидат во функција на посетителите, односно туристите. Покрај тоа ќе биде организиран пливачки маратон со учество на еден искусен и неколку помлади пливачи, како и кајак на мирни води. Со цел подобрена промоција на туристичките потенцијали и капацитети, ќе биде изработен видео материјал од репрезентативните природни убавини, реткости и атрактивни локалитети, споменици на природата и други објекти, кој ќе биде емитуван на десетина локални и регионални медиуми во државата и надвор од неа.

Проектот „Градче – да блесне езерскиот бисер“ на ЗГ „Среќни луѓе“ се имплементира во рамките на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан – ReLOaD2, ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Европската унијa. Истиот е кофинансиран од Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ГРАТЧЕ – ДА БЛЕСНЕ ЕЗЕРСКИОТ БИСЕР“ appeared first on Комарец.

]]>
КОМУ МУ СМЕТА РАЗУБАВУВАЊЕТО НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР? https://komarec.com.mk/komu-mu-smeta-razubavuvaneto-na-trgovskiot-centar/ Sat, 24 Jun 2023 19:22:07 +0000 https://komarec.com.mk/?p=12373 Сопствениците на угостителскиот објект „Коридор 22“ со брза и ефикасна акција го разубавија делот од северната страна на трговскиот центар. Имено левата страна од малите скали денес доби нов изглед. Бетонските корита ко кои освен земја немаа ништо друго, денес прекрасно изгледаат. Обложени со дрво и со украсни насади и лаванда му даваат и те...

The post КОМУ МУ СМЕТА РАЗУБАВУВАЊЕТО НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР? appeared first on Комарец.

]]>
Сопствениците на угостителскиот објект „Коридор 22“ со брза и ефикасна акција го разубавија делот од северната страна на трговскиот центар.

Имено левата страна од малите скали денес доби нов изглед. Бетонските корита ко кои освен земја немаа ништо друго, денес прекрасно изгледаат.

Обложени со дрво и со украсни насади и лаванда му даваат и те како  поубав лик на овој дел од трговскиот.

Сепак некој се погрижил да ги информира инспекторските служби да дојдат и да проверат дали е дозволено вакво нешто иако сите знаеме што се сé правеше изминатите години по трговскиот центар.

Факт е дека новите насади убаво изгледаат, е  сега колкав ќе им биде векот и до кога вака ќе изгледа убаво времето ќе покаже.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post КОМУ МУ СМЕТА РАЗУБАВУВАЊЕТО НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР? appeared first on Комарец.

]]>
ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ПЛАНИНСКО СПАСУВАЊЕ https://komarec.com.mk/odrzhana-panel-diskusija-za-planinsko-spasuvane/ Fri, 03 Mar 2023 10:11:56 +0000 https://komarec.com.mk/?p=9837 Во текот на вчерашниот ден (Четврток) во Струмица се одржа Панел Дискусија ,,Предизвици и современи трендови за планинско спасување” организирана од страна на центарит за развиј на Југоисточниот плански регион во партнерство со Алпинистичкиот клуб „Скала“ кој е член на Сојузот за планинско спасување“ Главната цел на Панел дискусијата беше запознаванјето со значењето на системите...

The post ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ПЛАНИНСКО СПАСУВАЊЕ appeared first on Комарец.

]]>
Во текот на вчерашниот ден (Четврток) во Струмица се одржа Панел Дискусија ,,Предизвици и современи трендови за планинско спасување” организирана од страна на центарит за развиј на Југоисточниот плански регион во партнерство со Алпинистичкиот клуб „Скала“ кој е член на Сојузот за планинско спасување“

Главната цел на Панел дискусијата беше запознаванјето со значењето на системите за планинско спасување, како и неопходноста од институционално и системско решавање, на ова прашање во регионот, како главен предуслов за развој на авантуристичкиот туризам и безбеднпста на граѓаните.

Сојузот за планинско спасување има расположливи ресурси со своите членови да ги подржи во развојот сите центри за развој на планските региони во Република Македонија.

Неизмерна благодарност до центарот за развој на Југоисточниот плански регион и г-нот Ѓоко Камчев што ја препозна стручноста на планинското спасување.

ДПСС Осогово – Кочани

The post ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ПЛАНИНСКО СПАСУВАЊЕ appeared first on Комарец.

]]>