денови на оризот Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/denovi-na-orizot/ Портал за град Кочани Sun, 29 Sep 2024 20:27:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.1 https://komarec.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/komarec-logo-full-150x60.png денови на оризот Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/denovi-na-orizot/ 32 32 „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“- ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ https://komarec.com.mk/denovi-na-kochanskiot-oriz-2024-folkloren-koncert/ Sun, 29 Sep 2024 20:27:50 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20521 На фолклорниот концерт што се одржа на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, во чест на оризот – кочанското бело злато, настапија пет фолклорни состави, гости на годинашнава манифестација „Денови на кочанскиот ориз“: КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија; ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија; ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора; Ансамблот...

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“- ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ appeared first on Комарец.

]]>
На фолклорниот концерт што се одржа на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, во чест на оризот – кочанското бело злато, настапија пет фолклорни состави, гости на годинашнава манифестација „Денови на кочанскиот ориз“: КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија; ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија; ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора; Ансамблот за народни песни и танци „Граовска младост“ од Перник и Танцовиот состав „Пиринска пола“ од Добриниште, Бугарија.

 

Фолклорот и кочанскиот ориз и оваа година успеаја да зближат и поврзат различни култури и традиции.

Меѓународниот фолклорен концерт го отвори Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, соработник и поддржувач на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, ансамбл кој педесетина години го негува изворниот фолклор од Осоговијата.

Во саботата, на Летната сцена настапија и кочанските фолклорни состави: КУД „Руен“, „Мугри“, Фолклорниот ансамбл и Пејачката група при Здружението на пензионери – Кочани, „Осоговски извор“ – Оризари, како и „Ѓердан“ од Штип.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“- ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ appeared first on Комарец.

]]>
„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“ – ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО https://komarec.com.mk/denovi-na-kochanskiot-oriz-2024-zazhnejuvane-i-vrshidba-na-gumno/ Sun, 29 Sep 2024 20:19:39 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20513 На нива во атарот на Оризари, во присуство на гости од земјава и странство, дипломатски и високи државни претставници, членови на домашни и гостински фолклорни друштва, беше прикажан обичајот зажнејување на ориз. Со срп, жетварски песни, благослови за добар род и здравје, во традиционалната жетва учествуваа членовите на Здружението на пензионери од Кочани, заедно со...

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“ – ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО appeared first on Комарец.

]]>
На нива во атарот на Оризари, во присуство на гости од земјава и странство, дипломатски и високи државни претставници, членови на домашни и гостински фолклорни друштва, беше прикажан обичајот зажнејување на ориз.

Со срп, жетварски песни, благослови за добар род и здравје, во традиционалната жетва учествуваа членовите на Здружението на пензионери од Кочани, заедно со жетварските убавици Марија Стаменкова, Мартина Костадинова и Ивона Ефтимова.

Обичајот вршидба на ориз на традиционален начин беше прикажан на гумно во Оризари, каде што продолжи културно-забавната програма во чест на кочанскиот ориз и дегустацијата на приготвената храна од ориз од страна на домаќинките од Оризари, припадници на АРМ и на гостите од Херцег Нови, Црна Гора.

Наградата за најуспешен оризопроизводител, годинава ја поделија Сашко Трајчев и Сашо Стојанов.

Покрај настапот на Дамјан Стојаноски имаше настап на фолклорни групи и оркестри.

Културно-забавната програма се одржа непосредно до црквата „Св. Атанасиј“ во Оризари, чија убавина доминираше на локацијата украсена со етноелементи, како дел од културното наследство на овој крај.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“ – ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО appeared first on Комарец.

]]>
„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“ https://komarec.com.mk/denovi-na-kochanskiot-oriz-2024-otvorena-izlozhba-sv-pantelejmon/ Sun, 29 Sep 2024 08:14:08 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20506 Во склоп на активностите од 33. Издание на „Денови на кочанскиот ориз“ беше отворена ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ 2024. Ликовните дела беа насликани месецов на Пониква од страна на младите сликари, а под менторство на академскиот сликар Александра Димитрова. Градоначалникот ги поздрави младите уметници, им честиташе за нивните прекрасни дела и им додели благодарници. Ликовната...

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“ appeared first on Комарец.

]]>
Во склоп на активностите од 33. Издание на „Денови на кочанскиот ориз“ беше отворена ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ 2024.


Ликовните дела беа насликани месецов на Пониква од страна на младите сликари, а под менторство на академскиот сликар Александра Димитрова.


Градоначалникот ги поздрави младите уметници, им честиташе за нивните прекрасни дела и им додели благодарници.


Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ е поддржана од Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“ appeared first on Комарец.

]]>
„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРАЗНИЧНО ДЕФИЛЕ https://komarec.com.mk/denovi-na-kochanskiot-oriz-2024-praznichno-defile/ Sat, 28 Sep 2024 16:29:42 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20489 Во центарот на Кочани, на потегот од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата се реализира Празнично дефиле на ансамбли, институции и здруженија од Кочани. Целта е пред граѓаните на Кочани да се претстават членовите и видовите активности што се реализираат во нашиот град. На дефилето учествуваат и фолклорните состави, гости на овогодишната манифестација „Денови на...

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРАЗНИЧНО ДЕФИЛЕ appeared first on Комарец.

]]>
Во центарот на Кочани, на потегот од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата се реализира Празнично дефиле на ансамбли, институции и здруженија од Кочани.

Целта е пред граѓаните на Кочани да се претстават членовите и видовите активности што се реализираат во нашиот град. На дефилето учествуваат и фолклорните состави, гости на овогодишната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Содржините од манифестацијата продолжуваат со програма на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРАЗНИЧНО ДЕФИЛЕ appeared first on Комарец.

]]>
„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ– 2024“, МАРИЈА СТАМЕНКОВА – ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА https://komarec.com.mk/denovi-na-kochanskiot-oriz-2024-marija-stamenkova-zhetvarska-ubavica/ Sat, 28 Sep 2024 15:38:19 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20477 Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани. Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во...

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ– 2024“, МАРИЈА СТАМЕНКОВА – ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА appeared first on Комарец.

]]>
Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во Оризари.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ– 2024“, МАРИЈА СТАМЕНКОВА – ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА appeared first on Комарец.

]]>
„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРИЕМ НА ГОСТИНСКИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ И АНСАМБЛИ https://komarec.com.mk/denovi-na-kochanskiot-oriz-2024-priem-na-gostinskite-delegacii-i-ansambli/ Sat, 28 Sep 2024 11:29:10 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20469 Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и...

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРИЕМ НА ГОСТИНСКИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ И АНСАМБЛИ appeared first on Комарец.

]]>
Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и Херцеговина.

Во програмските содржини на манифестацијата ќе учествуваат и КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија;  ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора, Ансамблот за народни пресни и танци „Граовска младост“ од Перник, Бугарија и ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија.

На приемот присуствуваа членови на Советот на Општина Кочани и претставници на институции и здруженија.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРИЕМ НА ГОСТИНСКИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ И АНСАМБЛИ appeared first on Комарец.

]]>
В ПЕТОК ЗАПОЧНУВА 33. МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“ https://komarec.com.mk/v-petok-zapochnuva-33-manifestacija-denovi-na-kochanskiot-oriz/ Wed, 25 Sep 2024 17:43:00 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20439 Триесет и третото издание на меѓународната манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2024“ ќе се одржи од 27 до 29 септември во Кочани и во Оризари. Прославата во чест на кочанското бело злато ќе собере делегации и фолклорни ансамбли од Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, а ќе биде награден најуспешниот оризопроизводител и...

The post В ПЕТОК ЗАПОЧНУВА 33. МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“ appeared first on Комарец.

]]>
Триесет и третото издание на меѓународната манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2024“ ќе се одржи од 27 до 29 септември во Кочани и во Оризари. Прославата во чест на кочанското бело злато ќе собере делегации и фолклорни ансамбли од Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, а ќе биде награден најуспешниот оризопроизводител и ќе се избира жетварска убавица.

Ова беше соопштено на прес-конференцијата што денеска ја одржаа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и претставничките од Организацискиот одбор на манифестацијата Аника Илијевска Ѓорѓиева и Ивана Карова Коцева.

В петок, на 27 септември во Градскиот парк во Кочани ќе се одржи Изборот на жетварска убавица, концертот на Каролина Гочева и доцна во вечерните часови – забава со диџеј.

На 28 септември е Ликовната изложба „Св. Пантелејмон“, дефилето на здруженија и институции, како и меѓународниот фолклорен концерт на кој ќе настапат гостинските ансамбли.

Обичаите зажнејување и вршидба годинава се во Оризари, каде Здружението на пензионери – Кочани од Оризари со песни, благослови и здравица ќе го означи почетокот на оризовата жетва. Прогласувањето на најуспешниот оризопроизводител ќе биде проследено со богата културно-уметничка програма кај црквата „Свети Атанасиј“ во Оризари. Ќе настапат групата „Мелем“, оркестарот на традициски инструменти при ОМУ „Ристо Јуруков“, ФА „Љупчо Сантов“ и Дамјан Стојаноски. Настанот ќе биде проследен со презентација и дегустација на традиционални јадења од ориз, изложбени и продажни штандови. АРМ ќе готви сутлијаш и селско месо, гостите од Црна Гора ќе подготват рибина чорба, а домаќинките од Оризари – мекици.

Општина Кочани упати благодарност до триесетина општествено-одговорни компании коишто годинава го помогнаа одржувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post В ПЕТОК ЗАПОЧНУВА 33. МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“ appeared first on Комарец.

]]>
ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ „ПО ПАТЕКИТЕ НА ОРИЗОТ“ https://komarec.com.mk/velosipedsko-defile-po-patekite-na-orizot/ Fri, 20 Sep 2024 14:45:51 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20365 Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили денеска се одржа и велосипедската тура „По патеката на оризот“, на која годинава беа промовирани четири нови електрични велосипеди наменети за општинската администрација, што претставува пилот-проект од проектот „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT. Традиционално, учесниците на овој настан возат на...

The post ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ „ПО ПАТЕКИТЕ НА ОРИЗОТ“ appeared first on Комарец.

]]>
Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили денеска се одржа и велосипедската тура „По патеката на оризот“, на која годинава беа промовирани четири нови електрични велосипеди наменети за општинската администрација, што претставува пилот-проект од проектот „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT.

Традиционално, учесниците на овој настан возат на релацијата КочаниГрдовци – Мојанци – Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ „ПО ПАТЕКИТЕ НА ОРИЗОТ“ appeared first on Комарец.

]]>
ПРОГРАМА ЗА 33. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2024“ https://komarec.com.mk/programa-za-33-izdanie-na-manifestacijata-denovi-na-kochanskiot-oriz-2024/ Wed, 11 Sep 2024 14:28:25 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20225 Годинава, Општина Кочани ќе ја организира 33. по ред манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе трае од 27 до 29 септември. Подготвена е богата тридневна програма, со официјално отворање на 27 септември со концерт на македонската поп пејачка Каролина Гочева. Во сабота, на 28 септември предвидена е целодневна програма во Градскиот парк, почнувајќи од...

The post ПРОГРАМА ЗА 33. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2024“ appeared first on Комарец.

]]>
Годинава, Општина Кочани ќе ја организира 33. по ред манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе трае од 27 до 29 септември.

Подготвена е богата тридневна програма, со официјално отворање на 27 септември со концерт на македонската поп пејачка Каролина Гочева.

Во сабота, на 28 септември предвидена е целодневна програма во Градскиот парк, почнувајќи од 10:30 часот со изложба и Празнично дефиле, па сѐ до вечерните часови исполнети со многу музика.

Традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, заедно со културно-уметничката програма, годинава ќе се одржи во Оризари.

Во продолжение е целосната програма за манифестацијата.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПРОГРАМА ЗА 33. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2024“ appeared first on Комарец.

]]>
ДОБРИ ДОМАЌИНИ СЕ ПОКАЖАА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО МОЈАНЦИ https://komarec.com.mk/dobri-domakini-se-pokazhaa-zhitelite-na-selo-mojanci/ Mon, 02 Oct 2023 18:42:31 +0000 https://komarec.com.mk/?p=14175 Годинава, во склоп на 32. издание на манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз“ село Мојанци беше дел од организацијата. Имено последниот ден од манифестацијата зажнејувањето, вршењето на гумно и прогласувањето на најуспешниот оризопроизводител за 2022 година, а сето тоа проследено со културно-забавен дел се случи во Мојанци. И веднаш да кажеме дека жителите на ова Кочанско...

The post ДОБРИ ДОМАЌИНИ СЕ ПОКАЖАА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО МОЈАНЦИ appeared first on Комарец.

]]>
Годинава, во склоп на 32. издание на манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз“ село Мојанци беше дел од организацијата. Имено последниот ден од манифестацијата зажнејувањето, вршењето на гумно и прогласувањето на најуспешниот оризопроизводител за 2022 година, а сето тоа проследено со културно-забавен дел се случи во Мојанци.

И веднаш да кажеме дека жителите на ова Кочанско село се покажаа во мошне добро светло, се покажаа како добри домаќини што ги радува организаторите што кога одлучиле Мојанци да биде дел од организацијата не погрешиле.

И навистина имаше што да се види вчера во Мојанци. Домаќините се погрижија со украсувањето на нивните дворови и огради со карактеристични предмети и ткаенини од овој крај да им ја доловат атмосферата на гостите кои ги имаше од секаде.

Посебна приказна беше подготвената трпеза на која имаше речиси се, како што вели народот „од пиле млеко“. Лапа, пилав, сутлијаш, тава ориз, зелници, погачи, кифлички, баклава, и други колачи, беа декорот што ги красеше масите каде сето тоа гостите требаше да го вкусат.

И сега, кога некој би ја оценувал комплетната годинешна организација околу манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз“ повеќе од сигурно е дека оценката ќе биде висока.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ДОБРИ ДОМАЌИНИ СЕ ПОКАЖАА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО МОЈАНЦИ appeared first on Комарец.

]]>