меморандум Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/memorandum/ Портал за град Кочани Fri, 13 Sep 2024 19:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.1 https://komarec.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/komarec-logo-full-150x60.png меморандум Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/memorandum/ 32 32 ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПРОИЗЛЕЗЕН ОД СОРАБОТКАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И КАСТРОЛ – РАУКСЕЛ (ГЕРМАНИЈА) https://komarec.com.mk/prezentacija-na-proektot-proizlezen-od-sorabotkata-na-opshtina-kochani-i-kastrol-rauksel-germanija/ Fri, 13 Sep 2024 19:15:16 +0000 https://komarec.com.mk/?p=20266 Градоначалникот на Општина Кочани и Државниот секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, г-дин Марк Шпајх вчера одржаа состанок на кој се дискутираше за започнатите проекти од страна на Општината, а финансирани од страна на Фондот за мали работи. Општина Кочани има склучено меморандум за соработка со градот Кастрол – Рауксел...

The post ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПРОИЗЛЕЗЕН ОД СОРАБОТКАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И КАСТРОЛ – РАУКСЕЛ (ГЕРМАНИЈА) appeared first on Комарец.

]]>
Градоначалникот на Општина Кочани и Државниот секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, г-дин Марк Шпајх вчера одржаа состанок на кој се дискутираше за започнатите проекти од страна на Општината, а финансирани од страна на Фондот за мали работи. Општина Кочани има склучено меморандум за соработка со градот Кастрол – Рауксел кој се наоѓа во германската покраина Северна Рајна – Вестфалија.

Со истата цел, денеска во МКЦ Кочани се одржа презентација на започнатиот проект. Проектот вклучува теми од областа на животната средина, екологијата и еко-туризамот, искористување на ресурсите на Кочанската Река, како и изнајдување нови содржини кои ќе бидат од едукативна корист во образованието.

Ова претставува појдовна основа за креирање на концепт за дефинирање и унапредување на системот за експлоатација на геотермалните ресурси во Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПРОИЗЛЕЗЕН ОД СОРАБОТКАТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И КАСТРОЛ – РАУКСЕЛ (ГЕРМАНИЈА) appeared first on Комарец.

]]>
ОПШТИНА КОЧАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АМЕРИКАНСКАТА ОПШТИНА ЛАЈОНС https://komarec.com.mk/opshtina-kochani-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-amerikanskata-opshtina-lajons/ Wed, 24 Jul 2024 12:48:13 +0000 https://komarec.com.mk/?p=19634 Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и Кристофер Гети, градоначалникот на Општина Лајонс од Илиноис во Соединетите Американски Држави, денеска потпишаа меморандум за партнерство на општините. На средбата на градоначалниците беше истакнато дека меморандумот претставува официјална потврда, признание за силните врски на пријателство, културната размена и заемната поддршка воспоставени помеѓу двете локални заедници. Едновремено, партнерството...

The post ОПШТИНА КОЧАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АМЕРИКАНСКАТА ОПШТИНА ЛАЈОНС appeared first on Комарец.

]]>
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и Кристофер Гети, градоначалникот на Општина Лајонс од Илиноис во Соединетите Американски Држави, денеска потпишаа меморандум за партнерство на општините.

На средбата на градоначалниците беше истакнато дека меморандумот претставува официјална потврда, признание за силните врски на пријателство, културната размена и заемната поддршка воспоставени помеѓу двете локални заедници. Едновремено, партнерството ја симболизира и посветеноста за поттикнување на меѓународнотo разбирање и соработка.

Градоначалникот Гети ќе ја искористи посетата на Кочани да се запознае со потенцијалите за развој и можностите за конкретна соработка на стопански и културен план.

Соработката со американската општина Лајонс, којашто се наоѓа во непосредна близина на Чикаго, е по иницијатива на кочански иселеници во САД.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ОПШТИНА КОЧАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АМЕРИКАНСКАТА ОПШТИНА ЛАЈОНС appeared first on Комарец.

]]>
ОПШТИНА КОЧАНИ И КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА https://komarec.com.mk/opshtina-kochani-i-kps-osogovski-orel-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/ Wed, 03 Apr 2024 14:22:49 +0000 https://komarec.com.mk/?p=17513 Во пресрет на реализацијата на општинските програмски активности, денеска градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и претседателот на неодамна формираниот Клуб за планинарски спортови „Осоговски орел“, Гоце Тошев, потпишаа меморандум за соработка. Документот ги дефинира формите на соработка, меѓу кои се: организирање акции и натпревари во различни дисциплини; грижа за заштитата на животната средина; развој...

The post ОПШТИНА КОЧАНИ И КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА appeared first on Комарец.

]]>
Во пресрет на реализацијата на општинските програмски активности, денеска градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и претседателот на неодамна формираниот Клуб за планинарски спортови „Осоговски орел“, Гоце Тошев, потпишаа меморандум за соработка.

Документот ги дефинира формите на соработка, меѓу кои се: организирање акции и натпревари во различни дисциплини; грижа за заштитата на животната средина; развој и унапредување на планинарството, велосипедизмот и планинското трчање, афирмација на природните потенцијали.

На средбата се разговараше за двете претстојни активности, кои КПС „Осоговски орел“ и Општина Кочани ќе ги реализираат заеднички. За 13 април е закажан настанот „Пешачењето е здравје“, чија цел е да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје, а по иницијатива на КПС „Осоговски орел“, по повод 22 Април – Денот на планетата Земја, во соработка со Општина Кочани ќе се реализира и екоакција на потегот Бавчалук – Гратче.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ОПШТИНА КОЧАНИ И КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА appeared first on Комарец.

]]>
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ОПШТИНА ПЕРНИК (Р. БУГАРИЈА) https://komarec.com.mk/potpishan-memorandum-za-sorabotka-ma-opshtina-kochani-i-opshtina-pernik-r-bugarija/ Tue, 30 Jan 2024 11:21:48 +0000 https://komarec.com.mk/?p=16350 Деновиве за време на 30. Меѓународен фестивал „Сурва“ кој се одржа во Перник, Р. Бугарија, градочалниците на Општина Кочани, Љупчо Папазов и Општина Перник, Станислав Владимиров потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете општини. Досега двете општини соработуваа најмногу на полето на културата со размена на фолклорни, сурваскарски и музички групи итн. Со потпишаниот меморандум за...

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ОПШТИНА ПЕРНИК (Р. БУГАРИЈА) appeared first on Комарец.

]]>
Деновиве за време на 30. Меѓународен фестивал „Сурва“ кој се одржа во Перник, Р. Бугарија, градочалниците на Општина Кочани, Љупчо Папазов и Општина Перник, Станислав Владимиров потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете општини.

Досега двете општини соработуваа најмногу на полето на културата со размена на фолклорни, сурваскарски и музички групи итн.

Со потпишаниот меморандум за соработка се очекува поголема соработка помеѓу општините, споделување на повеќе искуства, добри практики, како и поддршка во развојот и во други области во работењето на општините.

Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ОПШТИНА ПЕРНИК (Р. БУГАРИЈА) appeared first on Комарец.

]]>
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ И ПСК „ОСОГОВО“ https://komarec.com.mk/potpishan-memorandum-za-sorabotka-na-oou-rade-kratovche-i-psk-osogovo/ Tue, 17 Oct 2023 14:52:13 +0000 https://komarec.com.mk/?p=14536 Денес во просториите на ООУ „Раде Кратовче“ беше потпишан Меморандум за соработка меѓу истоименото училиште и ПСК „Осогово“ од Кочани. Целта на овој меморандум ефикасна, континуирана и координарана соработка во однос на развојот стручното образование и и обука, како и усовршување и оспособување на учениците на локално и национално ниво. Во Меморандумот што е потпишан...

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ И ПСК „ОСОГОВО“ appeared first on Комарец.

]]>
Денес во просториите на ООУ „Раде Кратовче“ беше потпишан Меморандум за соработка меѓу истоименото училиште и ПСК „Осогово“ од Кочани.

Целта на овој меморандум ефикасна, континуирана и координарана соработка во однос на развојот стручното образование и и обука, како и усовршување и оспособување на учениците на локално и национално ниво.

Во Меморандумот што е потпишан меѓу другото стои дека двете страни потписниците на Меморандумот се согласуваат дека на младите им треба здрав дух за да имаат здраво тело, да бидат физички и ментално цврсти, бидејќи само прелу здрава младина има и здраво општество.. Инаку целта на младинската секција на ПСК „Осогово“ од Кочани е омасовување на планинарството, дружење и едукација. Младинската секција „Осогово јуниор“ е да се побуди интересот кон планината и природата кај помладите,  да научат за убавините и опасностите при престој во планина. Секцијата треба да му овозможи на секое дете кое сака да планинари како најдобро да се подготви, да научи која храна е најдобра да се консумира за време на планинарска акција.

ПСК „Осогово“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ И ПСК „ОСОГОВО“ appeared first on Комарец.

]]>
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ“ https://komarec.com.mk/potpishan-memorandum-za-realizacija-na-proektot-inkluzija-na-deca-so-posebni-obrazovni-potrebi/ Tue, 28 Mar 2023 14:16:40 +0000 https://komarec.com.mk/?p=10329 Градоначалникот Љупчо Папазов потпиша меморандум за соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со кој Општина Кочани преку основните училишта „Никола Карев“ и „Раде Кратовче“, а со поддршка на ОУ „Малина Попиванова“ ја започнува реализацијата на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“. Проектот што ќе се реализира со поддршка од Детската...

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ“ appeared first on Комарец.

]]>
Градоначалникот Љупчо Папазов потпиша меморандум за соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со кој Општина Кочани преку основните училишта „Никола Карев“ и „Раде Кратовче“, а со поддршка на ОУ „Малина Попиванова“ ја започнува реализацијата на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.

Проектот што ќе се реализира со поддршка од Детската фондација „Песталоци“ има за цел да овозможи еднаков пристап до квалитетно образование за децата со посебни образовни потреби, односно инклузија во поширока смисла.

Со овој проект ќе се обезбедат грантови за општините учеснички и за избраните училишта, ќе се градат капацитети и ќе се работи на воспоставување инклузивна клима во образовните институции.

Општина Кочани е една од дванаесетте општини во Република Северна Македонија, која обезбеди тригодишно учество во проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ“ appeared first on Комарец.

]]>
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ЗГ „МЛАДИТЕ МОЖАТ“ https://komarec.com.mk/potpishan-memorandum-za-sorabotka-na-opshtina-kochani-i-zg-mladite-mozhat/ Thu, 16 Feb 2023 17:24:43 +0000 https://komarec.com.mk/?p=9613 Денеска, во просториите на општинската сала на Општина Кочани беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Општина Кочани и Здружението на граѓани „Младите можат“. Проектот „Младински локални банки” има за цел да создаде механизам за соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница, што резултира со општинско финансирање на младински проекти. „Младинската локална банка” на...

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ЗГ „МЛАДИТЕ МОЖАТ“ appeared first on Комарец.

]]>
Денеска, во просториите на општинската сала на Општина Кочани беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Општина Кочани и Здружението на граѓани „Младите можат“.

Проектот „Младински локални банки” има за цел да создаде механизам за соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница, што резултира со општинско финансирање на младински проекти.

„Младинската локална банка” на Општина Кочани ќе овозможи на 10 учесници – членови на локалниот одбор на младинската банка да дејствуваат како креатори на промени во нашата заедница.

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ЗГ „МЛАДИТЕ МОЖАТ“ appeared first on Комарец.

]]>
ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО https://komarec.com.mk/opshtina-kochani-ja-potpisha-deklaracijata-za-poddrshka-i-razvoj-na-zhenskoto-pretpriemnishtvo/ Fri, 24 Jun 2022 07:54:22 +0000 https://komarec.com.mk/?p=5042 Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари работна средба со тимот на Националната платформа за женско претприемништво, на која ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво. На средбата со тимот на Националната платформа, претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката од Источниот плански регион Ирена Мирчовска, градоначалникот...

The post ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО appeared first on Комарец.

]]>
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари работна средба со тимот на Националната платформа за женско претприемништво, на која ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво.

На средбата со тимот на Националната платформа, претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката од Источниот плански регион Ирена Мирчовска, градоначалникот ја истакна подготвеноста на Општина Кочани да иницира одржување на Форумот за женско претприемништво во овој регион.

На тој начин се очекува во следниот период и на локално и на регионално ниво да му се даде поголем акцент на овој економски сегмент.

The post ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО appeared first on Комарец.

]]>
СООПШТЕНИЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ЦР, УЈП И ЦУ https://komarec.com.mk/soopshtenie-za-skluchuvane-memorandum-za-sorabotka-na-cr-ujp-i-cu/ Thu, 09 Jun 2022 18:00:13 +0000 https://komarec.com.mk/?p=4793 Информираме дека: Директорката на Централниот регистар – Марија Бошковска – Јанковски, Директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска и Директорката на Царинска управа – Славица Кутиров, денес, 09.06.2022 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се означи почетокот на  меѓусебната соработка за успешно спроведување на проектните активности за реализација на Проектот – Надградба...

The post СООПШТЕНИЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ЦР, УЈП И ЦУ appeared first on Комарец.

]]>
Информираме дека:

Директорката на Централниот регистар – Марија Бошковска – Јанковски, Директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска и Директорката на Царинска управа – Славица Кутиров, денес, 09.06.2022 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се означи почетокот на  меѓусебната соработка за успешно спроведување на проектните активности за реализација на Проектот – Надградба на Едношалтерскиот систем, чиј носител е Централен регистар.

Проектот претставува надградба на Едношалтерскиот систем, што вклучува нови услуги преку интеграција со Управата за јавни приходи и Царинска управа за автоматско добивање на податоци/документи за платени даноци, придонеси и царински давачки, интеграција со Централниот регистар на население, технолошка надградба на под системот за размена на податоци со УЈП и банките и други нови функционалности. Надградбата на ЕШС ќе ги прошири електронските услуги кои се нудат на едношалтерски принцип, ќе ги забрза и поедностави процесите на поднесување на пријави за упис, ќе придонесе во повисок квалитет на податоците кои се евидентираат во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица и ќе овозможи усогласување со законската регулатива.

Проектот ќе придонесе за:

  • Намалување на административниот товар на субјектите на упис во делот на обезбедување на потврди од други институции.
  • Намалување на административната работа кај другите институции преку дигитализација и автоматизација на процесите за генерирање на Потврди/Уверенија
  • Зголемен квалитет на податоците за физичките лица – актери во субјектите на упис кои се веќе евидентирани во Централен Регистар на население.
  • Зголемено задоволство на корисниците.

Покрај технолошка надградба на ЕШС, проектот предвидува и измена на постојната регулатива (Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Законот за трговските друштва и други закони) со цел усогласување со Законот за Централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Измената на законите ќе овозможи и спроведување на уписи во регистарот на другите правни лица по електронски пат.

Со Почит

The post СООПШТЕНИЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ЦР, УЈП И ЦУ appeared first on Комарец.

]]>
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС САЕМ https://komarec.com.mk/potpishan-memorandum-za-sorabotka-i-zaednichka-organizacija-na-regionalen-biznis-saem/ Wed, 26 Jan 2022 14:52:53 +0000 https://komarec.com.mk/?p=2131 Денеска во општинската сала на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов потпиша Меморандум за соработка и заедничка организација на регионален бизнис саем и културен настан со Агенцијата за маркетинг и менаџмент Еуростеп Дооел Скопје. Регионалниот саем за произведувачи од северо-источниот дел на државата ќе биде организиран во Општина Кочани во времетраење од 2...

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС САЕМ appeared first on Комарец.

]]>
Денеска во општинската сала на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов потпиша Меморандум за соработка и заедничка организација на регионален бизнис саем и културен настан со Агенцијата за маркетинг и менаџмент Еуростеп Дооел Скопје.

Регионалниот саем за произведувачи од северо-источниот дел на државата ќе биде организиран во Општина Кочани во времетраење од 2 дена, на 7 и 8 октомври оваа година.

Целта и мотивот за организацијата се унапредувањето и подобрувањето на бизнис околината и заедницата, а фокусот е поставен кон воспоставување и градење врски со публиката, презентирање на нови бизнис идеи и концепти, едукација, поттикнување на меѓусебна соработка како и стекнување на видливост и препознатливост на брендовите, производите и услугите на пазарот.

Учесници на настанот “Регионален саем за Северно Источна Македонија во Кочани” ќе бидат правни лица од национално и балканско ниво, како и од државите членки на Европската Унија, додека во примарниот фокус ќе бидат производителите и правните лица од Општина Кочани и околината.

Општина  Кочани

The post ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС САЕМ appeared first on Комарец.

]]>