пешачење Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/peshachene/ Портал за град Кочани Sat, 10 Jun 2023 15:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.1 https://komarec.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/komarec-logo-full-150x60.png пешачење Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/peshachene/ 32 32 ПЕШАЧЕЊЕ ДО ВРВОТ „ПАНАЃУР“ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ https://komarec.com.mk/peshachene-do-vrvot-panagur-na-osogovskite-planini/ Sat, 10 Jun 2023 15:19:27 +0000 https://komarec.com.mk/?p=12073 Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква. Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници,...

The post ПЕШАЧЕЊЕ ДО ВРВОТ „ПАНАЃУР“ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ appeared first on Комарец.

]]>
Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква.

Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници, на врвот Панаѓур (1669 м н. в.) се одржа кратко претставување на дел од опремата и начините за ориентација во планина.

Активноста којашто се реализира трета година по ред, согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 г., има за цел да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

 

The post ПЕШАЧЕЊЕ ДО ВРВОТ „ПАНАЃУР“ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ appeared first on Комарец.

]]>
ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЦЈЕ – ПЛАНИНАРСКА ТУРА ДО ПАНАЃУР https://komarec.com.mk/peshacheneto-e-zdravcje-planinarska-tura-do-panagur/ Tue, 06 Jun 2023 10:50:30 +0000 https://komarec.com.mk/?p=11980 В сабота, на 10 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани организира планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква, под мотото Пешачењето е здравје. Движењето ќе биде организирано во група што ќе ја водат планинари од КПС „Москито“, а во активноста ќе се вклучат и членови на...

The post ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЦЈЕ – ПЛАНИНАРСКА ТУРА ДО ПАНАЃУР appeared first on Комарец.

]]>
В сабота, на 10 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани организира планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква, под мотото Пешачењето е здравје.

Движењето ќе биде организирано во група што ќе ја водат планинари од КПС „Москито“, а во активноста ќе се вклучат и членови на Извидничкиот одред „Ластовица“. Планинарската тура до врвот Панаѓур е со вкупна должина од 6 км и се поминува за околу три часа. На врвот Панаѓур (1669 м н. в.) ќе има кратка презентација за правилата за движење во планина.

Поаѓањето кон Пониква е од Градскиот плоштад во Кочани, во 7:30 ч., со општинскиот автобус. Заинтересираните учесници може да се пријават на телефонскиот број 072 306 081, до четврток, до 12 ч.

Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 г. и има за цел да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЦЈЕ – ПЛАНИНАРСКА ТУРА ДО ПАНАЃУР appeared first on Комарец.

]]>