стрништа Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/strnishta/ Портал за град Кочани Wed, 06 Nov 2024 20:04:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.1 https://komarec.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/komarec-logo-full-150x60.png стрништа Archives - Комарец https://komarec.com.mk/tag/strnishta/ 32 32 ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ОВР КОЧАНИ https://komarec.com.mk/preventivni-aktivnosti-na-ovr-kochani/ Wed, 06 Nov 2024 19:50:45 +0000 https://komarec.com.mk/?p=21324 Денеска (06.11.) во селата Чифлик, Облешево, Чешиново, Кучичино, Бурилчево и Уларци, кочанско од страна на полициски службеници при ОВР Кочани беше спроведена превентивна активност под мотото – „Не уништувате ja природата, таа е нашиот живот“. При спроведувањето на превентивната активност преку непосредна комуникација со жителите полициските службеници укажуваа за последиците од палењето на оган на...

The post ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ОВР КОЧАНИ appeared first on Комарец.

]]>
Денеска (06.11.) во селата Чифлик, Облешево, Чешиново, Кучичино, Бурилчево и Уларци, кочанско од страна на полициски службеници при ОВР Кочани беше спроведена превентивна активност под мотото – „Не уништувате ja природата, таа е нашиот живот“.

При спроведувањето на превентивната активност преку непосредна комуникација со жителите полициските службеници укажуваа за последиците од палењето на оган на стрништата, посевите и во нивна близина, потоа за законските одредби но и за штетата од самите пожари што долгорочно може да се одрази како врз човечкиот живот така и врз растителниот и животински свет.

Целта на оваа активност беше насочена кон подигнување на свеста пред се кај земјоделците да постапуваат совесно и одговорно минимизирајки ги ризиците од пожари. Дополнително, во текот на активноста на жителите им беа делени и печатени летоци со информативна содржина, а изработени во соработка со ЈП „Национални Шуми“.

Министерство за внатрешни работи

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ОВР КОЧАНИ appeared first on Комарец.

]]>
ИНТЕРВЕНЦИИТЕ НА ГАСНЕЊЕТО ПОЖАРИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЗАПАЛЕНИ СТРНИШТА ОПШТИНИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА СИ ГИ ПЛАЌААТ https://komarec.com.mk/intervenciite-na-gasneneto-pozhari-predisvikani-od-zapaleni-strnishta-opshtinite-da-pochnat-da-si-gi-plakaat/ Wed, 06 Nov 2024 17:15:34 +0000 https://komarec.com.mk/?p=21313 Уште на жителите на Кочани кои десетти ден протестираат поради неконтролираното носење смет на Градската депонија од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево не се исполнети до крај сите барања, кога сега жителите на Кочани и околните села се судруваат со ново-стариот проблем, „сиротите“ земјоделци откако го собраа оризот почнаа да ги палал стрништата. Ваквото палење...

The post ИНТЕРВЕНЦИИТЕ НА ГАСНЕЊЕТО ПОЖАРИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЗАПАЛЕНИ СТРНИШТА ОПШТИНИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА СИ ГИ ПЛАЌААТ appeared first on Комарец.

]]>
Уште на жителите на Кочани кои десетти ден протестираат поради неконтролираното носење смет на Градската депонија од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево не се исполнети до крај сите барања, кога сега жителите на Кочани и околните села се судруваат со ново-стариот проблем, „сиротите“ земјоделци откако го собраа оризот почнаа да ги палал стрништата.

Ваквото палење на стрништата изминатите години покажа дека може многу лесно да се претвори во голем пожар кој честопати ги загрозуваше и куќите во некои села, И како по некое правило тогаш градоначалниците од тие општини бараат да интервенира Територијалната Противпожарна Единица – Кочани како и Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани.

И откако огинот ќе се изгаси и ќе нема страв од запалување на некои објекти, од утредента повторно истото сценарио, и така во недоглед.

И како што обично бива во вакви ситуации услугите дадени од оние кои го изгаснале пожарот се забораваат.

За да не биде така помалите општини нека постапат според законот, нека си отворат противпожарни служби во кои ќе си вработат луѓе (нормално со помината обука) од општината или пак нека почнат да си ги плаќаат услугите, а не како до сега во стилот „ние сме мали општини и немаме пари“. Има многу начини да си ги решат проблемите а не и понатака да мислат дека Општина Кочани е крава молзница па ќе ги искористуваат нејзините капацитети во недоглед.

Така не може, во иднина навиките мора да бидат сменети.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ИНТЕРВЕНЦИИТЕ НА ГАСНЕЊЕТО ПОЖАРИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЗАПАЛЕНИ СТРНИШТА ОПШТИНИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА СИ ГИ ПЛАЌААТ appeared first on Комарец.

]]>
ДО КОГА „КУТРИТЕ“ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЌЕ ГО ЗАГАДУВААТ ВОЗДУХОТ И ЌЕ ТРОВАТ НАСЕЛЕНИЕТО? https://komarec.com.mk/do-koga-kutrite-zemjodelci-ke-go-zagaduvaat-vozduhot-i-ke-trovat-naselenieto/ Sat, 17 Feb 2024 16:06:23 +0000 https://komarec.com.mk/?p=16583 Само што добивме неколку фотографии од наш читател направени во близина на селото Бање, односно, како што пишува направени веднаш после последниот мост кон Кочани. И овој пат „уметничко“ дело на кој знае по кој пат на кутрите земјоделци кои никогаш не се задоволни од цената на оризот ама секогаш најдат начин да стигнат до...

The post ДО КОГА „КУТРИТЕ“ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЌЕ ГО ЗАГАДУВААТ ВОЗДУХОТ И ЌЕ ТРОВАТ НАСЕЛЕНИЕТО? appeared first on Комарец.

]]>
Само што добивме неколку фотографии од наш читател направени во близина на селото Бање, односно, како што пишува направени веднаш после последниот мост кон Кочани.

И овој пат „уметничко“ дело на кој знае по кој пат на кутрите земјоделци кои никогаш не се задоволни од цената на оризот ама секогаш најдат начин да стигнат до субвенции и да си продолжат со палење на стрништата, со што го загадуваат воздухот и едноставно го троват населението.

И додека самоволието на одредени поединци продолжува со палење на стрништата, надлежните како мува да не ги лази, не се заинтересирани да реагираат без разлика што и тие го дишат тој загаден и полн со отровни честитки воздух.

Но, на надлежните не треба да им се замерува за индолентноста бидејќи на прагот сме на нови изборни циклуси а тие сметаат дека поентата на животот е политиката а не чистиот воздух за дишење.

Нека продолжат „кутрите“ земјоделци и понатака да се забавуваат со загадувањето на воздухот а надлежните нека си молчат, па кој ќе има „корист“ од сето тоа времето ќе покаже.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

The post ДО КОГА „КУТРИТЕ“ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЌЕ ГО ЗАГАДУВААТ ВОЗДУХОТ И ЌЕ ТРОВАТ НАСЕЛЕНИЕТО? appeared first on Комарец.

]]>
НОВА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА ПО ОПОЖАРЕНИТЕ ПОЛИЊА https://komarec.com.mk/nova-intervencija-na-protivpozharnata-sluzhba-po-opozharenite-polina/ Sun, 12 Feb 2023 16:00:06 +0000 https://komarec.com.mk/?p=9502 И покрај големиот број на апели да се престане со палењето на полските стрништа, полското лајд-шоу и денес продолжи. Две возила и пет пожарникари неколку часови мака мачеа како да го гаснеа огинот во нивите во атарите на селата Грдовци, Мојанци а и во Општина Зрновци. Тактиката на земјоделците и овој пат вроди со плод,...

The post НОВА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА ПО ОПОЖАРЕНИТЕ ПОЛИЊА appeared first on Комарец.

]]>
И покрај големиот број на апели да се престане со палењето на полските стрништа, полското лајд-шоу и денес продолжи.

Две возила и пет пожарникари неколку часови мака мачеа како да го гаснеа огинот во нивите во атарите на селата Грдовци, Мојанци а и во Општина Зрновци.

Тактиката на земјоделците и овој пат вроди со плод, на подол начин ги палат стрништата и бегаат од местото на настанот при тоа не помислувајќи за последиците доколку тој се прошири повторно на големи површини и заврши во куќите на периферијата од селата.

С.  Ивановски

The post НОВА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА ПО ОПОЖАРЕНИТЕ ПОЛИЊА appeared first on Комарец.

]]>
ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, ПОЛИЊАТА ПОВТОРНО ВО ПЛАМЕН https://komarec.com.mk/istorijata-se-povtoruva-polinata-povtorno-vo-plamen/ Tue, 17 Jan 2023 16:34:19 +0000 https://komarec.com.mk/?p=9128 Само што добивме неколку фотографии на кои јасно се гледа дека полињата повторно се во пламен. Како што наведува нашиот читател огнот е на влезот на селото Грдовци поточно во полето наречено „Амбарево“. Целата среќа како што истакнува тој е што во моментот ветерот дува во спротивна насока инаку лесно можеле првите куќи да бидат...

The post ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, ПОЛИЊАТА ПОВТОРНО ВО ПЛАМЕН appeared first on Комарец.

]]>
Само што добивме неколку фотографии на кои јасно се гледа дека полињата повторно се во пламен. Како што наведува нашиот читател огнот е на влезот на селото Грдовци поточно во полето наречено „Амбарево“. Целата среќа како што истакнува тој е што во моментот ветерот дува во спротивна насока инаку лесно можеле првите куќи да бидат зафатени, но вака во опасност пак се доведува далноводот.

На другиот крај пак на селото на патот кон селото Горни Подлог во месноста „Гумењата“ на некој сопственик му изгорела балирачката и сеното а сето тоа предизвикано од запаленото стрниште.

Деновиве информирани сме дека земјоделците поточно оризопроизводителите најавуваат нов протест и блокирање на патот во Облешево, а дали во барањата кои ќе ги прочитаат освен повисока цена на оризот ќе побараат и неселективно палење на стрништата, односно да не се палат  без присуство на обучени лица за евентуално спречување и ширење на пожарот, или како и досега само цената та цената.

С.  Ивановски

The post ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, ПОЛИЊАТА ПОВТОРНО ВО ПЛАМЕН appeared first on Комарец.

]]>
И ПОВТОРНО ГОРИ ЛИ ГОРИ! https://komarec.com.mk/i-povtorno-gori-li-gori/ Wed, 09 Mar 2022 20:37:36 +0000 https://komarec.com.mk/?p=2895 И оваа вечер вработените во Територијалната Противпожарна Единица од Кочани не останаа мирни. По примената дојава веднаш заминаа на терен. И оваа „кутриот земјоделец“ ја играл игарат „пали и бегај“. Запалено е повторно стрниште во нива во близината на Горни Подлог. Ветерот го разгорува огнот а противпожарната екипа некако не може со возилото да му...

The post И ПОВТОРНО ГОРИ ЛИ ГОРИ! appeared first on Комарец.

]]>
И оваа вечер вработените во Територијалната Противпожарна Единица од Кочани не останаа мирни. По примената дојава веднаш заминаа на терен. И оваа „кутриот земјоделец“ ја играл игарат „пали и бегај“.

Запалено е повторно стрниште во нива во близината на Горни Подлог. Ветерот го разгорува огнот а противпожарната екипа некако не може со возилото да му се доближи за да го изгасне бидејќи околу самиот оган е се ниви кои се далеку од патот.

Пожарникарите сепак се присутни до самото место со цел оганот да не се прошири кон некои од објектите.

И вечерва пироманот „кутриот земјоделец“ запалил и побегнал од местото на настанот а грижата им ја оставил на оние за кои мисли дека се должни да стражарат и да не дозволат некоја  катастрофа,

Помислуваат ли тие „кутри земјоделци“ дека и пожарникарите се луѓе и дека истите имаат семејства кои дома ги очекуваат да се вратат или приказната која останала уште од времето продолжуваат да ја пренесуваат од колено на колено, а таа е палење на стрништата.

С. Ивановски

The post И ПОВТОРНО ГОРИ ЛИ ГОРИ! appeared first on Комарец.

]]>
АПЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА-КОЧАНИ ДО СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ https://komarec.com.mk/apel-od-teritorijalnata-protivpozharna-edinica-kochani-do-site-zemjodelci/ Tue, 18 Jan 2022 19:22:22 +0000 https://komarec.com.mk/?p=2040 Ако не гори депонијата и не го загадува воздухот во Кочани и околината, тука се неодговорните земјоделци тој „недостаток“ да го надоместат. И денес Кочанските полиња гореа, и денес неодговорните земјоделци на кои инаетот им е пред сé ги запалија стрништата и побегнаа од местото на настанот. И додека гореа полињата, во Кочани се запали...

The post АПЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА-КОЧАНИ ДО СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ appeared first on Комарец.

]]>
Ако не гори депонијата и не го загадува воздухот во Кочани и околината, тука се неодговорните земјоделци тој „недостаток“ да го надоместат. И денес Кочанските полиња гореа, и денес неодговорните земјоделци на кои инаетот им е пред сé ги запалија стрништата и побегнаа од местото на настанот. И додека гореа полињата, во Кочани се запали куќа а во близина на Кучичино во прашање беше доведена безбедноста на една викендичка. Телефоните во ТППЕ ѕвонеа речиси на секоја минута, пожарникарите од единицата заедно со волонтерите не знаеја каде прво да отидат. Сепак, со својата професионалност  успеаја со големи напори секаде да стигнат, некаде и во последен момент.

Пред малку добивме известување од ТППЕ –Кочани во кое се вели:

„Денес во попладневните часови земјоделците од нашата општина извршија масовно палење на своите земјоделски површини односно, стрништата. ТППЕ – Кочани интервенираше на неколку локации во исто време: атар на секо Грдовци, село Мојанци, село Кучичино, како и на опожарен објект на „4-та Македонска бригада“. Поради нивната неодговорност се нанесува штета, како по животната средина, така и по материјалните добра. Со самото излегување на терен по полето ја слабееме територијалната противпожарна Единица како со пожарникари, така и со возила. Во еден момент денес, додека нашите возила со пожарникарите беа по селата да ги гаснат стрништата и да спасуваат да не дојде до опожарување на некои објекти избувна пожар во централното градско подрачје. Сепак успеавме со голема помош на нашите волонтери да се справиме некако на сите локации. Апелираме уште еднаш до сите земјоделци да престанат веќе еднаш да ги палат стрништата, бидејќи токму запалените стрништа можат да бидат причина за голема материјална штета која би настанала поради нивната неодговорност“.   ТППЕ  –  Кочани 

 

The post АПЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА-КОЧАНИ ДО СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ appeared first on Комарец.

]]>