Венко Крстевски в.д. Градоначалникот на Општина Кочани денес пред зградата на Локалната самоуправа – Кочани одржа прес конференција.
Крстевски најпрвин изрази искрено сочувство до семејствата на починатите во дискотеката „Пулс“ која што се случи точно пред месец дена, како и до семејствата на настраданите. Тој соопшти дека како прва одлука што ќе ја потпише откако ја доби функцијата в.д. Градоначалник на Општина Кочани ќе биде таа што на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Македонија, Општина Кочани ќе префрли 3 милиони денари.
Во понатамошниот дел од конференцијата Крстевски истакна дека состојбата во Општина Кочани, како и во КЈП „Водовод“ е хаотична и дека долгот изнесува околу 3 милиони евра од кои поголемиот дел е за потрошена електрична енергија. Ја потенцираше и состојбата со човечки ресурси во ТППЕ Кочани, каде е потребно да има 32 пожарникари, а не како во моментот само 16.
Околу средувањето на состојбите в.д. Градоначалникот Венко Крстевски порача: „ Мене како в. д. Градоначалник со помош на целата јавност ми останува да се зафатам за работа со драстични промени. Јас сум оптимист, првин ќе се зафатам со решвањето на кадровската состојба во КЈП „Водовод“ ќе направиме тоа да биде функционално. Алармантна е состојбата и во однос на дивоградбите, со кои е нарушена и безбедноста во градот. Во оваа прилика најавувам сериозна борба против дивоградбите, со кривични пријави против незаконските градители, без толеранција и без отстапки кон никого“
На крајот од своето обраќање Ксртевски упати јавен апел до Владата на Република Македонија како и до Градоначалниците од другите општини.
Според Крстевски Ветувањето од Премиерот на Владата на Република Македонија дека Општина Кочани ќе добие сериозна финансиска поддршка потребно е тоа ветување да биде реализирано што побрзо, додека апелот до градоначалниците од другите општини е да помогнат во делот на инспекторатите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ