Спорт
ШАМПИОНОТ НА ПРОШЕТКА НИЗ КОЧАНИ
Со погодоците на Симјонова 14’57’, Тераваки 21’26’, Охадиве 29“51’ и Грозданова 79’ шампионот „Љуботен“ го совлада „Кочани“ во натпревар од 12-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени со резултат 7:0 (4:0) со што и поната со бод предност остана лидер на табелата пред „Скопје 2014“. За разлика од „Љуботен“ скопјанки се провлекое во Струмица…
ТФЛ – ИСТОК, ПОБЕДА ОД ВАЛАНДОВО НЕ ГО ДАВА ВРВОТ
Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во во Трета Фудбалска Лига – Исток. Стрелците беа мошне расположени, на петте натпревари постигнати се вкупно 25 погодоци или просечно по 5 на секој натпревар. Најефикасно беше во Дојран каде беа постигнати вкупно 10 погодоци. Во Струмица се постигнати 7, во Турново 5 погодоци, а во Карбинци 2….
ВЕТЕНОТО ОСТВАРЕНО, „ОСОГОВО“ НЕПОРАЗЕНО ВО ГЕВГЕЛИЈА
Она што играчите и Стручниот штаб на „Осогово“ го ветија пред натпреварот против „Кожуф“ во Гевгелија, го остварија. Најавија дека ќе отпатуваат без бело знаме и според играта што ја прикажаа заслужено дојдоа до посакуваниот бод. „Жетварите“ одиграа храбро, борбено и рационално, иако домаќините беа тие што повеќе се обидуваа да дојдат до погодок ,…
„ОСОГОВО“ БЕЗ БЕЛО ЗНАМЕ ПАТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА
Екипата на „Осогово“ по голеадата против „Победа“ од Прилеп со голем оптимизам патува за Гевгелија каде на мегдан оди на незгодната екипа на „Кожуф“. Кочанчани прикажаа добар и ефикасен фудбал во вонредното коло но мора да се признае дека тоа беше натпревар на два нерамноправни противника, гостите од Прилеп без упатен удар кон голот на…
ЕКИПАТА НА „РЕЧИЦА“ ПО ВТОР ПАТ ГОДИНАВА ПОУСПЕШНА ОД „КОЧАНИ“
Во рамките на 11-тото коло во Прваата Фудбалска Лига за жени, денес екипата на „Речица“ по втор пат годинава го совлада „Кочани“, овој пат 6:1 (1:0). Домаќинките резултатот го отворија во раната фаза од играта. Се играше 7’ кога Антевска ги доведе домаќинките во водство и тоа се покажа како единствен погодок во првото полувреме….
„ОСОГОВО“ ЈА РАЗМОНТИРА „ПОБЕДА“ НА НАЈСИТНИ ДЕЛОВИ
Во еден од поефикасните натпревари во второлигашката конкуренција, денес во Кочани во рамките на 11-тото коло „Осогово“ ја совлада „Победа“ од Прилеп со 6:0 (3:0). Уште на самиот старт на натпреварот се виде дека гостите се определија на чување на почетниот резултат без некаква амбиција да се подотворат и да напаѓаат кон голот на домаќините….
УТРЕ (ВТОРНИК) ВОНРЕДНО КОЛО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА
За утре (Вторник) со почеток во 13:30 часот закажани се натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ ја пречекува „Победа“ (Прилеп) во натпревар во кој победата е императив за „жетварите“. Кочанчани засега се во сигурната зона но со новата победа ќе се искачат неколку скалила погоре на табелата а и ќе имаат мирна…
ДОБАР УЛОВ НА МЕДАЛИ НА БРЕГОТ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“
Во организација на Карате Федерацијата на Македонија а со техничка организација на Карате Клуб „Дојран“ во саботата на градот на брегот од Дојранското Езеро се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Дојран Опен 2025“. Карате Клуб „Кочани“ – Кочани на турнирот учествувашесо 15 натпреварувачи во повеќе категории, сите во борби (кумите). Освоени се 24 медали а…
НОВ ПОРАЗ ЗА „ОСОГОВО“ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ТЕТОВО
Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига а екипата на „Осогово“ и овој пат на гостувањето во Тетово против домаќинот „Тетекс“ доживеа пораз од 0:3 (0:2). Не се прослави одбраната на „жетварите“ која повеќе изгледаше порозна отколку цврста, трите погодока кои домаќините ги постигнаа преку Азис Јамини (33’42’) и Славчо Мисајловски (53’)…
ФК „НАПРЕДОК 2025“ ГО ВРАЌА ФУДБАЛОТ ВО ПЕХЧЕВО
Благодарение на неколку фудбалски ентузијасти полека но сигурно се враќа фудбалот во Пехчево. Од оваа година почна со работа новоформираниот фудбалски клуб „Напредок 2025“ кој уште на стартот покажа дека е со сериозни намери да го врати фудбалот во Пехчево, кое години наназад беше еден респектабилен фудбалски колектив кој даваше посебен фудбалски шмек во Малешевијата….
