ДЕЛЕГАЦИЈА ОД САПОРТ КОЧАНИ ВО ПОСЕТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ

јуни 10, 2025
1 минути

Во текот на вчерашниот ден тричлена делегација од волонтерите на Сапорт Кочани ги посетија хоспитализираните наши сограѓани кои се на кејување во Скопје. Целта на посетата била најпрвин да се видат со нив, да  слушнат за нивната моментална здравствена состојба а секако и да им достават вода и храна за да нивните родители не бидат приморани да излегуваат по овие горештини.

„Бевме во посета кај нашите хоспитализирани во Скопје.  Чувство на утеха, олеснување и надеж има денес во SupportKocani.  Благодарни сме што го слушнавме вашиот глас, го осетивме вашиот допир, а ја видовме и вашата насмевка. Ни давате сила да продолжиме да се бориме“ објваија на својата страна волонтерите на Сапорт Кочани.

Како што дознаваме договорено е со една приватна компанија од Скопје секогаш да им доставува вода во потребни количини.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ