„Але-Дар“ е шампионот на годинешниот „Петровденски турнир во мал фудбал 2025“ и како победник од организаторот на турнирот Општина Кочани заработи вредносен чек во висина од 60:ооо денари.
По освојувањето на турнирот победниците ветија дека сите средства ќе ги уплатат како донација за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во текот на вчерашниот ден преку „Але-Дар“ ДООЕЛ извршена е вкупно уплата од 124.500 денари и тоа: 60:000 денари како победник на Петровденскиот турнир во мал фудбал и 64.500 денари собрани од поставените кутии во „Але-Дар“ хотел и во Premium gym & firness.
Средствата се уплатени на сметката на Фонд на солидарност на Црвен крст.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ