А1 Македонија во партнерство со „Сапорт Кочани“ во петокот го отворија Младинскиот Центар „Гнездо“ што претставува еден вид безбеден простор за младите и нивните семејства кои по немилиот настан од 16. Март имаат потреба од долгорочна психосоцијална поддршка.
Центарот ќе овозможи пристап до професионални психолошки услуги, работилници и други активности за младите од Кочани се со цел што побрзо и полесно ги заборават траумите и последиците по немилиот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Со отворањето на Младинскиот центар „Гнездо“ Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ уште една ги потврди своите заложби за помош на сите оние кои уште ги чувствуваат последиците од немилиот настан од 16. Март оваа година.
Отворањето на Младинскиот центар „Гнездо“ се поклопи со доделувањето на Седмосептемвриската награда од Општина Кочани за Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ „За значајни остварувања за развојот на Општина Кочани“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ