ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ

октомври 11, 2025
1 минути

По повод 84-годишнината од почетокот на македонското  востание, вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски со претставници од Советот на Општина Кочани, и делегации од Сојузот на здружението на борците од НОВ, Здружението на почитувачи на Јосип Броз Тито и на општински партиски ограноци, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите за слободна Македонија на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

Честитајќи им го празникот на сите граѓани, Крстевски го истакна значењето на 11 Октомври за самобитноста и самостојноста на македонскиот народ и придонесот на Македонија во победата над фашизмот во Втората светска војна.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ