На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул. „ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
