ЗГ „16-ТИ МАРТ 2025 – КОЧАНИ“, БАРАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ДОНАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО „ПАТЕКА НА БЕСКОНЕЧНОСТА“

февруари 9, 2026
1 минути

Почитувани,

Ние, семејствата на трагично загинатите млади лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочанина 16 март 2025 година, здружени во Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“, Ви се обраќаме со искрена и човечка молба за поддршка.

Трагедијата што ни ги одзеде нашите деца не е само лична болка, туку длабока рана за целото општество.

Во знак на трајно сеќавање, почит и опомена, имаме за цел да изградиме достоинствено спомен-обележје во Кочани, под назив „Патека на бесконечноста“. Концептот за спомен-обележјето е веќе доставен до Општина Кочани, но финансиската реализација на проектот останува на нас, родителите.

Краток опис на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“:

„Патека на бесконечноста“ е замислена како мирен меморијален простор – патека на тишината и сеќавањето, по која секој чекор симболично сведочи за прекинатите млади животи и нивното вечно присуство во нашите срца. Со современ и ненаметлив дизајн, просторот ќе биде место за тивка почит, положување цвеќе и размисла, но и трајна опомена за вредноста на човечкиот живот и потребата од одговорност и безбедност. Ова спомен-обележје нема да биде само објект, туку живо место на колективна меморија и совест – место кое ќе потсетува дека нашите деца не се бројка, туку животи со име, иднина и достоинство.

Со ова барање Ве повикуваме, согласно Вашите можности, да ја поддржите изградбата на спомен-обележјето преку:

– финансиска донација,

– техничка или логистичка поддршка.

Сите средства ќе бидат користени исклучиво за реализација на проектот, со целосна транспарентност и отчетност.

Податоци за донација (наменска жиро-сметка):

Назив на примач: Здружение на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“

Банка: УНИ Банка АД Скопје

Жиро-сметка (наменска): 240130121745838

Назнака: Донација за спомен-обележје „Патека на бесконечноста“

Контакт за дополнителни информации:

Контакт лице: Александар Наунов (претседател на здружението)……. Тел: +389 78 833 273

Контакт лице: Марија Петрушова (член на управен одбор) ……………. Тел: +389 78 427 669

Е-пошта: [email protected]

Вашата поддршка ќе значи многу повеќе од донација – ќе значи човечки гест, солидарност и јасна порака дека како општество не се откажуваме од сеќавањето, достоинството и одговорноста.

Ви благодариме однапред за времето, вниманието и разбирањето.

Со почит,

Здружение на граѓани

„16-ти Март 2025 – Кочани“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ