Како што не информираат наши сограѓани кои живеат во близина на СРЦ „бавчалук“ по кратко време повторно се врати вандализмот на овој потег во градот.
Ако во минатото група моторџии го уништуваа зеленилото со своите мотори, се изживуваа на на детските реквизити и ги вознемируваа жителите на овој потег во градот, сега се нафрлија на стативите.

Деновиве стативите се превртени, дел од мрежите скинати а кога со повици реагираче жителите од околните куќи им било возвратено со закани и вулгарности.
Време е и полицијата да се позанимава со овие ноќни птици.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
