ОРГАНИЗИРАН ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ИВОНА АНТОВА И 63 АНГЕЛИ“

март 15, 2026
1 минути

Во организација на ПСК „Осогово Кочани“ а во знак на почит и сеќавање кон младата Ивона Антова една од 63 Ангели кои пред една година поради корумпираниот и со години лошо организираниот систем прерано го загуби животот во дискотеката (крематориумот) „Пулс“ во Кочани, денес беше организиран првиот Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 Ангели“.

Над 1000 планинари од Македонија и странство учествуваа на маршот кој всушност беше искачување на врвот „Панаѓур“ (1669 м.н.в.) кој се наоѓа на Осоговските планини. Стартот беше кај местото „Аеродром“ на Пониква каде е планирано да се изгради меморијален споменик „Ангели“, во во чест на жртви од кочанската трагедија од 16 март 2025 г.

На чело на маршот беа родителите на Ивона, Тошо и Стојка Антови кои ги водеа планинарите до врвот „Панаѓур“.

 

Во чест и сеќавање на жртвите од пред една година, учесниците на маршот запалија свеќи во форма на срце.

Инаку, откако планинарите ја поминаа патеката која беше во должина од 9 километри направија кратка пауза, за да  потоа на враќање за сите учесници имаше организирано планинарски ручек во манастирската трпезарија на храмот „Св. Василиј“ на Пониква каде организаторите на маршот на клубовите учесници и на помагателите за реализација на маршот им врачија благодарници.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ