КОРЕНИ, ТРАДИЦИЈА И ДУХОВНА ПРИСУТНОСТ: МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА СО ВАЖНИ ЧЕКОРИ ВО МЕРАНО

март 21, 2026
1 минути

Во просториите на Општина Мерано, Алто Адиџе, вчера се одржа конструктивен состанок помеѓу заменик‑градоначалникот Нерио Закариа и претседателот на МКД „Свети Кирил и Методиј“ Трентино – Алто Адиџе, Венко Трпески. На средбата се разговараше за можноста македонската заедница и во овој дел на Италија да добие свој духовен дом, како значаен чекор за зачувување на идентитетот и духовниот живот на иселениците.

Во знак на благодарност и почит, отец Орце Пешов му подари икона од Исус Христос на заменик‑градоначалникот. Посебно беше истакната и заложбата на г‑дин Мирче Христов, кој даде значителен придонес за реализацијата на средбата.

Паралелно со овие активности, на 7 март во Мерано беше формирана и нова фолклорна група, предводена од маестро Борче Марковски. Групата добива силна поддршка од водачот за Алто Адиџе на МКД „Свети Кирил и Методиј“ Трентино, Магдалена Трендафилова, како и од секретарот Христијан Анчевски.

Со овие иницијативи, македонската заедница во Алто Адиџе продолжува да ги зацврстува своите корени, да ја негува традицијата и да создава простор за духовна и културна радост.

Македонија – присутна таму каде што живеат нејзините луѓе.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ