На 02.06.2026 околу 22:00 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 15-годишен малолетник од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле мопед „априлија“ со кочански регистарски ознаки, кој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Соопштение од ЦВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
