АЛЕКСАНДРА ДИМИТРОВА: МОЗАИК – УМЕТНОСТ СОСТАВЕНА ОД МАЛИ ДЕЛОВИ, ГОЛЕМИ ПРИКАЗНИ

јуни 17, 2026
1 минути

Со особена чест и задоволство Ве поканувам да бидете дел од Мозаик работилницата што ќе се одржи во периодот од 17 до 19 јуни 2026 година во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Мозаикот е една од најстарите и највпечатливи ликовни техники, уметност во која секое мало парче носи свое значење и придонесува кон создавање на единствена целина. Преку оваа работилница учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на мозаичната уметност, процесот на осмислување на композиција, изборот и обработката на материјалите, како и практичната изработка на сопствени мозаични дела.

Мојата цел како ментор е да ги поттикнам креативноста, трпеливоста и индивидуалниот уметнички израз кај секој учесник, овозможувајќи простор за истражување, учење и создавање. Верувам дека мозаикот не е само техника, туку и начин на размислување – процес во кој од многу различни елементи се создава хармонија и убавина.

Ги поканувам сите љубители на уметноста да ни се придружат во ова креативно патување и заедно да создадеме дела кои ќе сведочат за моќта на уметноста да поврзува, инспирира и остава трајни вредности

.Голема благодарност за координацијата и поканата до колегата и долгогодишен соработник Марјан Стојаноски.

м-р Александра Димитрова

Академски сликар и ментор на работилницата

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ