АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО КОЧАНИ

март 27, 2026
1 минути

Општина Кочани реализира активности за обновување на јавното осветлување, при што се врши замена на оштетените светилки и на инсталацијата. Активностите веќе се завршени на четирите моста во централното градско подрачје, на потегот од Двојниот мост до Градскиот плоштад, со што значително се подобрува видливоста и безбедноста во овој фреквентен дел од градот.

По две децении, целосно се заменети и столбовите за осветлување на кејот на Кочанска Река, на улицата „Лазар Андонов“. На оваа локација е поставено современо осветлување кое користи сончева енергија, што придонесува за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Претходно поставената опрема за осветлување со обновлив извор на енергија беше предмет на вандализам и целосно беше уништена.

Кочани важи за водечка општина во начинот на штедливо јавно осветлување. Пред десетина години беше воведено јавно осветлување по најсовремена технологија, со ЛЕД-светилки, што овозможува заштеди и на електричната енергија и на одржувањето. Во 2023 година беа надградени постојните улични кабинети преку кои се вклучува група светилки со паметна и енергетска опрема, заради подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување, заштеда и за поефикасно искористување на електричната енергија.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ