ДАЛИ ИМА ВИСТИНА ДЕКА „ЗНАМ“ ГИ ПОБАРАЛЕ КОЧАНИ И ВИНИЦА?

август 5, 2025
0 минути

Неофицијално дознаваме дека „ЗНАМ“ како коалиционен партнер во Владата за претстојните локални избори нивни членови побарале од највисоките органи во партијата да разговараат, за да тие истакнат свои кандидати за градоначалници во Кочани и Виница.

Според она што се зборува во јавноста Кочани го побарале бидејќи според нив кандидатите од сите други партии не располагале со висок рејтинг меѓу населението особено по она што се случи со „Депонијадата“ и дискотеката „Пулс“.

За во Виница е друга причината, истакнувале дека сегашниот Градоначалник не реализирал ниту еден капитален проект од ветените па затоа и населението не било задоволно од предизборните ветувања.

Дали ова е уште една од повеќето шпекулации што се слушаат низ кулоарите или има некаква вистина, за мошне краток временски рок се ќе биде познато.

А дотогаш, трпение.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ