По објавениот текст „Кочани и понатака тоне во мрак“, од надлежните добивме известување дека се работи за дефект на главниот кабел од кого со поврзување се осветлуваат канделабрите покрај кејот на Кочанска река и дека се прават обиди тој да биде што побрзо отстранет.

Во моментот на целиот дел покрај кејот како и на мостовите осветлувањето е вратено. Дознаваме дека во текот на оваа седмица ќе бидат извршени уште неколку корекции па мракот на овој потег ќе замине во заборав.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
