Во организација на Организацијата „Скопјанката Мајка Тереза“ вчера во Скопје во спомен куќата на „Мајка Тереза“ во присуство на голем број на гости, за хумани вредности подарени за човечка среќа беа доделени Статуетки и Посланија „Мајка Тереза“.


Меѓу повеќето фирми, здруженија и поединци од земјата кои го добија ова признание честа да го добијат имаа и претставниците од Сапорт Кочани – Кочани, Територијалната Противпожарна Единица – Кочани, Црвен крст – Кочани, Општа болница со проширена дејност Кочани и сопругата на трагично починатиот возач од болницата во Кочани Иле Гоцевски.
Признанијата им ги додели лично внукот на Мајка Тереза, Алојз Гонбар.

„Сапорткочани имаше огромна чест и задоволство во куќата на Мајка Тереза да го добие признанието за хуманост од страна на организацијата „Скопјанката Мајка Тереза“. Она што го направи уште позначаен моментот е што признанието ни беше врачено од страна на внукот на Мајка Тереза, Алојз Гомбар. Изразуваме огромна благодарност до сите оние кои уште од првиот ден ни ја даваат својата неизмерна поддршка. Во овие моменти добиваме сила за да продолжиме со тоа што го правиме , а најголем успех доживуваме кога ќе видиме дека нашата посветеност некому дава утеха и надеж“ рекоа од Сапорт Кочани.

Имав огромна чест и задоволство да добијам признание и Послание Св. Мајка Тереза кое се доделува за хумани вредности подарени за човечка среќа. Чинот на доделувањето беше од страна на организацијата Скопјанката Мајка Тереза а истото во куќата на Мајка Тереза ми го врачи внукот на Мајка Тереза“ беше изјавата на Драган Апостолов – Командир на ТППЕ – Кочани.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
