Донацијата наречена „4070 силиконски лепенки“ наменети за настраданите во пожарот во Кочани за која во вчерашниот ден пишувавме веќе се наоѓаат во просториите на „Сапорт Кочани“.
На својата ФБ профил „Сапорт Кочани“ напишаа:
„Денеска Супорт Кочани прими донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на лузни. Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма. Транспортот беше овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС.
Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за логистичкиот дел и за помалку од 4 часа овозможија донацијата да стигне до нас.
Оваа донација е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме – од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови“.
Хуманоста продолжува
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ