ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОРТАЛ „КОМАРЕЦ“ ГИ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈУСПЕШЕН МЛАД СПОРТИСТ ВО КОЧАНИ ЗА 2025 ГОДИНА

февруари 25, 2026
1 минути

Електронскиот портал www.komarec.com.mk и годинава, трети пат по ред  ги додели признанијата за најуспешен млад спортист во Кочани, овој пат  за 2025 година во машка и женска конкуренција, како и Посебно признание за спортски достигнувања во истата година. Признанијата се доделуваат на млади спортисти до 15 годишна возраст од клубовите во Општина Кочани.

Годинава признанието „Најуспешен млад спортист на Кочани за 2025“ во женска конкуренција и беше доделено на Бисера Лазарова член на КГС (Клуб за гимнастички спортови) „Кочани“ која изминатата година ја одбележа со освојувањето на првото место и титулата „Државен првак на Македонија во категоријата Јуниорки Б програма.

Капитенот на генерацијата 2011 во Фудбалската школа „Фудбал старс“ Саше Герасимов го доби признанието за „Најуспешен млад спортист во Кочани за 2025“ во машка конкуренција. Саше Герасимов како квалитетен играч има настапувано и во генерацијата 2010 која во натпреварувачката 2024/2025 се закитија со Шампионска титула во конкуренција на екипи како што се Брегалница-Штип, Брера, Беласица и други.

Борачот на БК „Спартак“ Даријан Павлев како член на Репрезентацијата на Македонија, на Балканското првенство што се одржа во Клуж (Романија) се закити со бронзениот медал во поединечна конкуренција што беше причина да му се додели Посебно признание.

Електронскиот портал www.komarec.com.mk  и во тековната година ќе ги следи резултатите на младите спортисти за да и следната година додели вакви признанија.

На сите спортисти им посакуваме успешна година.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ