Околу 400 деца кои учествуваа во Бадниковата поворка беа примени од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој пред општинската зграда со подароци им ги честита Бадник и големиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ.
Бадниковата поворка ја организира свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ од Кочани. Годинава бројот на учесниците е удвоен во споредба со лани. Пеејќи ја божиќната химна „Вечниот Бог“, поворката појде од кочанскиот храм, помина по улицата „Стево Теодосиевски“ и покрај Градскиот парк стигна до општинската зграда.ж
Настанот се организира во чест на Христовото раѓање – Божиќ.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ