На 15 октомври 2024 година (вторник), во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар (приземје), Општина Кочани организира јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот за 2025 година.
На консултативната средба, граѓаните ќе имаат можност да ги истакнат потребите и да предложат реализација на проекти од развојните програми: за градежно земјиште, за водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, за јавно осветлување и за другите општински програми.
Општина Кочани ги поканува сите заинтересирани граѓани, месните и урбаните заедници да се вклучат во јавната расправа и да учествуваат во одредувањето на потребите од јавен интерес од локално значење за претстојната година.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ