Економија
ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО КОЧАНИ
Со асфалтирањето на вториот дел од улицата „Илинденска“, заврши рехабилитацијата на 400 метри од оваа сообраќајница во централното градско подрачје на Кочани. Според стручните служби рехабилитацијата опфати и изградба на потпорен ѕид и на сливници за атмосферската вода. Работите ги изведе градежната фирма „Стоименов“ од Кочани. Средствата во висина од 1 милион и 500 илјади…
СЕ ОБНОВУВААТ СОДРЖИНИТЕ ВО СРЦ „БАВЧАЛУК“
Според Меморандумот за соработка што Општина Кочани го потпиша со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во тек е реализација на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук. Проектот опфаќа целосно обновување на содржините во Спортско-рекреативниот центар: асфалтирање на терените за мал фудбал и кошарка, обновување на подлогите, замена на таблите и…
КЈП „ВОДОВОД“: АКЦИЈА ЗА МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ
Вработени во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор водовод и канализација и Сектор комунална хигиена започнаа акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери наменети за одлагање на отпадот поставени во централното градско подрачје во Општина Кочани. Започнатите активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок, со кои возила се…
РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕМИН КАЈ ПОДЛОГ
Општина Кочани ги започна подготвителните градежни работи на железничкиот премин кај Подлог. Горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Подлог“ ќе се рехабилитира и ќе се прошири со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот. Претходно се модернизираа премините преку железничката…
ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО КОЧАНИ ДОБИ НОВ АСФАЛТЕН СЛОЈ
Дел од улицата „АСНОМ“, во централното градско подрачје на Кочани, доби нов асфалтен слој. Стручните служби информираат дека поправен е потег којшто беше во лоша состојба, во должина од 64 м. Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани. Средствата во износ од 300.000 денари се од Буџетот на Општина Кочани. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА …
СКРОМНО А СЕПАК ФУНКЦИОНАЛНО
Апелот што изминатиот период го беа испратиле наши сограѓани дека малите скали на јужниот дел од платформата на Градскиот Трговски Центар треба да се прилагодат за да можат минувачите максимално сигурно да ги користат вродија со плод. Иако некој ќе се најде што ќе упати критика, сепак малата ограда која утринава беше поставена и од…
СЕ ОБНОВУВА ОШТЕТЕНАТА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА ПОНИКВА
Подобрена е состојбата на патот на локалитетот Пониква што го поврзува паркингот пред одморалиштето на МВР и манастирот „Св. Василиј Велики“. Според договорот што Општина Кочани го има со економскиот оператор „Коле транс“ од Штип, деновиве се закрпени дупките на патот што води кон општинскиот објект „Инфо-центар“ и неколку угостителски и хотелски капацитети на Пониква….
ГЕОМЕХАНИЧКИ ИСПИТУВАЊА НА МОСТ НА „КОЧАНСКА РЕКА“
Започнаа геомеханичките испитувања на теренот каде што е планирана изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“, истражувања коишто ќе ја определат носивоста на почвата во долните слоеви. Според проектната програма за изработка на проектна документација, мостот треба да биде долг 30-ина метри и да биде на…
ОПШТИНА КОЧАНИ АПЛИЦИРА СО ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
На повик на Владата, Општина Кочани аплицираше со проект за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ од спој со улицата „Киро Кикенски“, до почеток на разделно зеленило СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри. Проектот вклучува и потреба од изградба на потпорни ѕидови. Вкупната вредност на аплицираниот проект изнесува 89 милиони денари. Општина …
КЈП „ВОДОВОД“, МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ
Екипите од секторот Комунална хигиена изминатите денови започнаа активностите за миење на подземните контејнери со специјално комунално возило со вап-надградба за миење под притисок, а покрај контејнерите се мијат и џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција. Машинското миење се…