Економија

ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ПОТРЕБНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗВЕДБА НА ПОТИСНИОТ ЦЕВКОВОД

ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ПОТРЕБНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗВЕДБА НА ПОТИСНИОТ ЦЕВКОВОД

Општина Кочани ќе ги инвестира добиените 44,5 милиони денари од   државниот буџет за реконструкција на главниот потисен цевковод за водоводната мрежа во градот и дел од населените места. Финансиската помош ја додели Владата по пренамената на средствата за   изградба на карго аеродромот кај Штип, а локалната самоуправа на Кочани наскоро ќе ја почне постапката за реализација на…

ПОЧНА  РЕКОНСТРУКЦИЈАТА  НА  УЛИЦАТА  „РОЗА  ПЕТРОВА“

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

Почнаа активностите за реконструкција на еден километар од коловозот и на тротоарот од улицата „Роза Петрова“. Во тек се интервенции на пешачката зона од десната страна, каде се врши ископ, тампонирање и промена на постојните рабници во должина од 800 метри. Според Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани,…

ДОНЕСЕНИ  ПРВИТЕ  ПОДЗЕМНИ  КОНТЕЈНЕРИ,  НАЈАВЕНО  ПОСТАВУВАЊЕ  ОД  СЛЕДНАТА  СЕДМИЦА

ДОНЕСЕНИ ПРВИТЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ, НАЈАВЕНО ПОСТАВУВАЊЕ ОД СЛЕДНАТА СЕДМИЦА

Во пресрет на викендот беа донесени првите подземни контејнери, кои според најавите ќе бидат поставени на пет локации во централното градско подрачје. Засега четирите локации се околу Градскиот Трговски Центар а петтата е зад објектот пошта. Целта на овој проект е на самиот почеток да се започне со селектирањето на отпадните материјали кај станбените објекти…

СЕ  АСФАЛТИРА  КРАК  И  ПАРКИРАЛИШТЕ  ОД  УЛИЦАТА  „РОЗА  ПЕТРОВА“

СЕ АСФАЛТИРА КРАК И ПАРКИРАЛИШТЕ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

Завршува уредувањето на крак од улицата „Роза Петрова“ со паркиралиште, во непосредна близина на станбениот комплекс во населбата Калиманова Глава. Стручните служби од Општина Кочани известуваат дека деновиве се работи на асфалтирање и дека досега е поставен асфалт на околу 80 проценти од површината што се уредува. Заради оформување на местата за паркирање, претстои изградба…

ПРОЕКТОТ  „РЕГУЛАЦИЈА  НА  КОРИТОТО  НА  ДЕЛ  ОД  „КОЧАНСКА  РЕКА“  ВО  ЗАВРШНА  ФАЗА

ПРОЕКТОТ „РЕГУЛАЦИЈА НА КОРИТОТО НА ДЕЛ ОД „КОЧАНСКА РЕКА“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Со поставувањето на бекатон плочи на патеките покрај Кочанска река од последниот мост кон „Бавчалук“ проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска река“ почна полека да ја добива својата физиономија. Според потпишаниот договор, изведувачот „АТП“ од Свети Николе треба да ги заврши комплетните работи до крајот на овој месец. За потсетување само, проектот предвидува…

ПОЧНА ПОШУМУВАЊЕТО НА ДЕЛ ОД ОПОЖАРЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОКОЛИНАТА НА КОЧАНИ

ПОЧНА ПОШУМУВАЊЕТО НА ДЕЛ ОД ОПОЖАРЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОКОЛИНАТА НА КОЧАНИ

Шестотини садници јасен, донација од „А1 Македонија“, од денеска се пошумуваат на ридот Драчевик, на површина опожарена во огнената стихија на 2 август. Иницијативата за оформување зелен појас од листопадни дрвја и патека за рекреација долж западниот дел на градот Кочани ја покрена градоначалникот Николчо Илијев, кој го поздрави почетокот на акцијата засадувајќи неколку садници…

ПЛАНИРАНИ  ПРЕКИНИ  СО  ЕЛЕКТРИЧНА  ЕНЕРГИЈА  ЗА  05.11.2021  ГОДИНА (ПЕТОК)

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 05.11.2021 ГОДИНА (ПЕТОК)

За Петок (05.11.2021 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија  во периодот од: 08:00 – 15:00 часот ќе имаат улиците: село Бели, улиците: „Роза Петрова (околу зграда Белведере), „1-ви Мај“, „Бел Камен“, „Страшо Ербапче“, „Малина Попиванова“, „Мородвишка Епископија“, Димитрија Лазаров“, „Браќа Миладиновци“, „14-та Бригада“, „Александар Македонски“ и „Христијан Карпош“. Во периодот од…

ПРОДОЛЖУВААТ  ГРАДЕШНИТЕ  РАБОТИ  КАКО  ДЕЛ  ОД  ПРОЕКТОТ  „РЕГУЛАЦИЈА  НА  КОРИТОТО  НА  ДЕЛ  ОД  КОЧАНСКА  РЕКА“

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕШНИТЕ РАБОТИ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „РЕГУЛАЦИЈА НА КОРИТОТО НА ДЕЛ ОД КОЧАНСКА РЕКА“

Продолжуваат градежните работи и уредувањето на речното корито како дел од проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска река“, од последниот  сообрааќаен мост кон „Бвчалук“ во должина од 451 метар. Проектот опфаќа изградба на кејски ѕидови на дел од коритото, пешачки патеки во и надвор од речното корито, бетонски скали, осветлуваање и урбана опрема….

ПЛАНИРАНИ  ПРРЕКИНИ  СО  ЕЛЕКТРИЧНА  ЕНЕРГИЈА  ЗА  01.11.2021  ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)

ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 01.11.2021 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)

За Понеделник (01.11.2021 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија  во периодот од 09:00 – 14:30 часот ќе имаат улиците: ул. „Тодосија Паунов“, од ДК „Бели Мугри“ до кафеана „Два другара“, ДК „Бели Мугри“, ул. „Кеј на Револуцијата“  од мостот до ДК „Бели Мугри“. Кочани, Оперативци

ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ТРОТОАРОТ ОД КОЧАНИ ДО БЕЛИ

ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ТРОТОАРОТ ОД КОЧАНИ ДО БЕЛИ

Тротоарот што го поврзува Кочани со влезот на селото Бели е завршен. Поплочена е пешачка зона во вкупна должина од околу еден километар, којашто овозможува поголема безбедност за пешаците на оваа релација. Избраниот изведувач, фирмата „Ќану компани“ од Скопје, изведуваше градежни работи од левата страна на улицата „Страшо Ербапче“, на потегот од крстосницата со улицата…