Економија

СКРОМНО А СЕПАК ФУНКЦИОНАЛНО
Апелот што изминатиот период го беа испратиле наши сограѓани дека малите скали на јужниот дел од платформата на Градскиот Трговски Центар треба да се прилагодат за да можат минувачите максимално сигурно да ги користат вродија со плод. Иако некој ќе се најде што ќе упати критика, сепак малата ограда која утринава беше поставена и од…

СЕ ОБНОВУВА ОШТЕТЕНАТА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА ПОНИКВА
Подобрена е состојбата на патот на локалитетот Пониква што го поврзува паркингот пред одморалиштето на МВР и манастирот „Св. Василиј Велики“. Според договорот што Општина Кочани го има со економскиот оператор „Коле транс“ од Штип, деновиве се закрпени дупките на патот што води кон општинскиот објект „Инфо-центар“ и неколку угостителски и хотелски капацитети на Пониква….

ГЕОМЕХАНИЧКИ ИСПИТУВАЊА НА МОСТ НА „КОЧАНСКА РЕКА“
Започнаа геомеханичките испитувања на теренот каде што е планирана изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“, истражувања коишто ќе ја определат носивоста на почвата во долните слоеви. Според проектната програма за изработка на проектна документација, мостот треба да биде долг 30-ина метри и да биде на…

ОПШТИНА КОЧАНИ АПЛИЦИРА СО ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
На повик на Владата, Општина Кочани аплицираше со проект за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ од спој со улицата „Киро Кикенски“, до почеток на разделно зеленило СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри. Проектот вклучува и потреба од изградба на потпорни ѕидови. Вкупната вредност на аплицираниот проект изнесува 89 милиони денари. Општина …

КЈП „ВОДОВОД“, МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ
Екипите од секторот Комунална хигиена изминатите денови започнаа активностите за миење на подземните контејнери со специјално комунално возило со вап-надградба за миење под притисок, а покрај контејнерите се мијат и џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција. Машинското миење се…

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРОТ НА ОУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“
Денеска, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, директорот на ОУ „Раде Кратовче“ Глигорчо Гацовски и претставничката на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико Марија Сулејманова, потпишаа договор за реализација на локална акција за партерно уредување на дворот на ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани. Вкупната проценета вредност за партерното уредување изнесува 3.340.284 денари,…

НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ
Во рамките на проектот за санација на Споменикот на слободата во Кочани, во тек се активностите за поставување комплетно ново осветлување. Изведувач на работите е „Електрика“ од Кочани, која деновиве врши ископ, вградување на инсталацијата и бетонирање на фундаментите за светлосните столбови. Споменикот на слободата ќе биде осветлен со вкупно 22 лед-светлосни арматури, рефлектори и…

СЕ АСФАЛТИРА КЕЈСКАТА УЛИЦА ВО ОРИЗАРИ
Деновиве во Оризари се асфалтира улицата „Кеј на револуцијата“. Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со поплочени тротоари од двете страни и веќе поставено јавно осветлување. Проектот за улицата „Кеј на револуцијата“ опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода. Изведувач на работите е „Коле транс инженеринг“. Средствата во износ…

АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“
Заврши асфалтирањето на дел од улицата „Страшо Пинџур“, во Стришани, во должина од 150 метри. Улицата е со ширина од 5 метри. Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“ од Кочани. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

ВНИМАТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ – ПРЕТСТОЈАТ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО КОЧАНИ
Општина Кочани ги известува учесниците во сообраќајот дека в четврток и петок, на 27 и 28 јуни 2024 г., ќе се изведуваат градежни работи на ул. „Страшо Пинџур“ во Кочани. Заради безбедност на сите учесници во сообраќајот задолжително е почитување на сообраќајната сигнализација, зголемена внимателност и претпазливост. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ …