Економија

СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ УЛИЦАТА „ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ“
На улицата „Генерал Апостолски“, којашто ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, продолжуваат градежните активности. Изведувачот на работите „Коле-транс инженеринг“ од Штип работи на тампонирање и подготовка за асфалтирање на коловозот и на велосипедската патека на оваа улица. Тротоарите од двете страни, со ширина од 2 м, веќе се изведени. Кракот од улицата „Генерал Апостолски“…

ПРОДОЛЖУВА УРЕДУВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Комуналните служби од Општина Кочани продолжуваат со косењето и уредувањето на јавните тревни површини во Кочани. Eкипите работеа во месностите Бавчалук и Тикешински Лозја, на локацијата на Панаѓурот, каде што се доуредуваа косините на теренот, кај Ловниот дом и Салата за гимнастички спортови „Партизан“, во околината на објектот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ кај „Руен“,…

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“ ВО КОЧАНИ
Во рамките на реконструкцијата на левата лента од десниот крак на улицата „Тодосија Паунов“ денеска се поставува новиот асфалтен слој. Потегот опфатен со реконструкција е со ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри, спроти Полициската станица во Кочани. Со градежните активности на улицата „Тодосија Паунов“ се заменети пет канализациски шахти и два сливника….

ЌЕ СТАНЕ ЛИ УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ РЕПЕР ЗА ИДНИ ВАКВИ ИНВЕСТИЦИИ?
Конечно, по неколкумесечно реновирање на улицата „Гоце Делчев“ е со нов изглед. Се постави нов асфалтен слој на самата улица, се завршија тротоарите, и како што беше истакнато од надлежните улицата е комплетно завршена. Денес улицата навистина изгледа „импресивно“, заедно со тротоарот повеќе наликува Арабеска, така да големи се шансите во иднина ваквиот склоп на…

АНТХУРА МК, СВЕТЛАТА ТОЧКА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Компанијата која ги произведува едни од најубавите и најпопуларни цвеќиња во светот, орхидејата и антуриумот, Антхура МК, продолжува да се надградуваа и проширува. Антхура претставува глобален лидер за производство на млади растенија од типот на phalaenopsis и anthurium, препознаена и потврдена во цел свет. Антхура МК, нејзината компанија ќерка е компанијата која ги крена стандардите…

ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА И ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА
Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на Кочани. Најпрвин во населбата „Драчевик“ во употреба ја пушти новата социјална зграда, трета по ред, при што им ги предаде клучевите на некои од новите станари од зградата. Посетата беше искористена во употреба да биде пуштена и новата детска градинка, поточно новиот клон „Детелинка“…

ИЗГРАДЕНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „563“ ВО „ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА“
Заврши изградбата на главната канализациска линија со приклучоци, на улицата „563“ во Лесна индустрија во Кочани. Главната линија е долга 410 метри, со пречник 250 мм, а канализациските приклучоци коишто водат кон градежните парцели лево и десно од улицата се со вкупна должина од 160 м, со пречник од 200 мм. Поставени се и канализациски…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ“
На улицата „Генерал Апостолски“ во тек се градежни активности. Се работи на крак долг 223 м, со ширина од 6,5 м, каде што ќе се градат и тротоари од двете страни и велосипедска патека со ширина од 1,5 м. Изведувачот на работите „Коле Транс“ од Штип деновиве ги поставува бетонските рабници и слојот со тампон….

„КЕЈСКАТА УЛИЦА“ ВО ОРИЗАРИ СЕ ПОВРЗУВА СО УЛИЦАТА „АНГЕЛ ДОНЕВ“
Во тек се градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Кеј на револуцијата“ во Оризари и нејзино поврзување со улицата „Ангел Донев“. Стручните служби од Општина Кочани информираат дека се работи на дел со должина 60 м и ширина 7 м, каде што се градат потпорни ѕидови и се поставува армирано-бетонска плоча над…

ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕМИН КАЈ ПОДЛОГ
Општина Кочани и ЈП Македонски железници ја завршија рехабилитацијата на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин кај Подлог. Со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот, Општина Кочани изведе и градежни работи за негово проширување. Претходно се рехабилитираа и се…