Економија

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“
Се асфалтира улицата „Борис Трајковски“, со што привршува нејзината рехабилитација во должина од 785 м. Градежните активности опфатија и реконструкција на тротоарите од двете страни со поставени нови улични рабници. При уредувањето на пешачката површина беше поставена подземна електрична инсталација. Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаваторе“, надзор – „Геинг“, а инвеститор е Министерството за…

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ
Во просториите на КЈП „Водовод“ – Кочани беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу компанијата „Еко Проект Ко“ од Кочани и КЈП Водовод – Кочани насловен како „Со граѓаните, за граѓаните”. Целта на овој проект е да се рабуди совеста кај секој поединец и сите заедно да селектираме отпад од хартија и пластика за да не…

И ДЕНЕС, ПОВТОРНО ПРОВОКАЦИЈА ОД ОПШТИНА ВИНИЦА.
По вчерашниот неуспешен обид за истовар на смет од Општина Виница на депонијата во Кочани со едно возило, денс (Четврток) на големиот празник Св. Никола пред половина час нова провокација од Општина Виница. Конвој од повеќе камиони со смет се обидоа да го истоварат на депонијата иако за такво нешто немаат добиено согласност. На местото…

СТАНАРИТЕ ДОБИВААТ УЛИЦА И ПРОСТОР ЗА ПАРКИРАЊЕ
Станарите кои се вселија во двете нови згради лоцирани на улицата „Димитар Влахов“ во непосредна близна на обложувалницата „Моцарт“ изминатите неколку месеци мака мачеа со паркирањето на своите возила и со влегувањето во становите. Но набргу за нив сето тоа ќе биде минато. Имено деновиве се работи за подготовка на улицата која ќе биде до…

НОВИ САДНИЦИ ВО ПРОКАРКА, ОБНОВУВЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ ВО ГРАДОТ
Надлежните служби од Општина Кочани денеска озеленија дел од јавните површини. Сто и дваесет садници од чемпрес, јасен и јавор се засадени во месноста Прокарка и над Градскиот базен, а се обновени и испразнетите места во дрворедите на улици во градот. Хортикултурното уредување и озеленување на јавните површини се реализира со средства од Буџетот на…

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ИЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО КОЧАНИ
Активностите за рехабилитација на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани деновиве продолжуваат со поставување на првиот слој асфалт од нејзиниот северен дел. На делот од улицата кај Градскиот пазар во тек е тампонирање на коловозот и уредување на тротоарите. Улицата „Гоце Делчев“ се рехабилитира во должина од 690 м, а изведувач на работите е „Ескаватори“. При…

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „НОВОПРОЕКТИРАНА 1“
Во јужниот дел на зоната Лесна Индустрија во Кочани, се асфалтира улицата „Новопроектирана 1“, којашто е продолжение на претходно изградениот дел од неа. Градежните работи за оваа улица опфатија рамнење и набивање на тлото, поставување рабници и сливни решетки и нивелирање на шахтите за атмосферска и за фекална канализација. Улицата е долга 100 м, широка…

ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО КОЧАНИ
Со асфалтирањето на вториот дел од улицата „Илинденска“, заврши рехабилитацијата на 400 метри од оваа сообраќајница во централното градско подрачје на Кочани. Според стручните служби рехабилитацијата опфати и изградба на потпорен ѕид и на сливници за атмосферската вода. Работите ги изведе градежната фирма „Стоименов“ од Кочани. Средствата во висина од 1 милион и 500 илјади…

СЕ ОБНОВУВААТ СОДРЖИНИТЕ ВО СРЦ „БАВЧАЛУК“
Според Меморандумот за соработка што Општина Кочани го потпиша со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во тек е реализација на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук. Проектот опфаќа целосно обновување на содржините во Спортско-рекреативниот центар: асфалтирање на терените за мал фудбал и кошарка, обновување на подлогите, замена на таблите и…

КЈП „ВОДОВОД“: АКЦИЈА ЗА МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ
Вработени во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор водовод и канализација и Сектор комунална хигиена започнаа акција за миење и дезинфекција на подземните контејнери наменети за одлагање на отпадот поставени во централното градско подрачје во Општина Кочани. Започнатите активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок, со кои возила се…