хуманост
РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ ВИНИЦА – ДОНАЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ
Ротари клуб Кочани – Виница донираше современ апарат KOBA Vision Vokatex Standard во Здружението на слепи лица во Штип. Овој напреден уред претставува читач и зголемувач на текст со говорна функција, која овозможува лицата со оштетен вид да читаат книги, документи и списанија или да ги слушаат преку гласовна репродукција Нашата мисија е јасна, да…
ОРГАНИЗИРАН ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ИВОНА АНТОВА И 63 АНГЕЛИ“
Во организација на ПСК „Осогово Кочани“ а во знак на почит и сеќавање кон младата Ивона Антова една од 63 Ангели кои пред една година поради корумпираниот и со години лошо организираниот систем прерано го загуби животот во дискотеката (крематориумот) „Пулс“ во Кочани, денес беше организиран првиот Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 Ангели“….
ОДИГРАН ХУМАНИТАРЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР
Екипи од повредените во пожарот одиграа кошаркарски натпревар во чест и во сеќавање на шеесет и тројцата млади што загинаа пред една година во „Пулс“. Преживеаните во пожарот низ кошаркарската игра покажаа подготвеност да продолжат со процесот на рехабилитација. На настанот присуствуваше министерот за здравство Азир Алиу кој нагласи дека државата останува посветена на поддршката…
63 БЕЛИ СТОЛЧИЊА, 63 ИМИЊА, 63 ЖИВОТИ ШТО НЕДОСТИГААТ
16.03.2026 • 10:00 часот Парк на Револуцијата – Кочани 63 бели столчиња. 63 имиња. 63 животи што засекогаш остануваат дел од нашата заедница. Секое столче носи име, бела роза и тишина што зборува повеќе од зборови. Празното место меѓу нив нè потсетува на празнината што остана во нашите срца. Ова не се само столчиња. Ова…
ОФС КОЧАНИ – ФУДБАЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ЗАПОЧНУВААТ СО МИНУТА МОЛЧЕЊЕ
Како што не информираат, со Одлука на ОФС Кочани претстојните фудбалски натпревари што се на програмата овој викенд (14 и 15 Март) а се под покровителство на ОФС Кочани ќе започнат со минута молчење. Одлуката се однесува и на натпреварите во Трета Фудбалска Лига – исток. Со овој чин сите екипи ќе одадат почит кон…
КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ – КОЧАНИ СО АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ
Во организација на Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани во Сабота на 14.март се организира акција за пошумување. Акцијата ќе биде реализирана во месноста викана „Пресечена скала“ над Фабриката за вода во Кочани каде е планирано да бидат засадени 300 садници Багрем. Истиот ден, поточно по завршувањето на акцијата за пошумување се организира…
ХУМАНИТАРЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО СПОМЕН НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА НА 16.МАРТ.2025 ГОДИНА
Во недела, на 15 март 2026 година, во 10 ч., во Спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо” ќе се одигра хуманитарен кошаркарски натпревар во спомен на загинатите во трагедијата на 16 март 2025. Повредените ќе играат кошарка и ќе ја споделат љубовта кон овој спорт во сеќавање на своите другари и на сите што трагично ги изгубија…
ЦРВЕН КРСТ ИСПЛАТИ 11.200.000 ДЕНАРИ НА 18 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКА „ПУЛС“
Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од 11.200.000 денари. Исплатата, како што информираат, е реализирана врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втората…
ОДРЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ КАРАТЕ ТУРНИР „63 АНГЕЛИ 2026“
Во организација на Карате Клуб „Партизан“ од Кочани а со техничка организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, „Кочански ангели“ се одржа Меѓународен карате турнир „63 Ангели 2026“ во чест и сеќавање на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред речиси една година. На турнирот учествуваа…
ОТВОРЕНА ХУМАНИТАРНА ДОНАТОРСКА ИЗЛОЖБА ВО СПОМЕН НА МЛАДАТА УМЕТНИЧКА САРА ЈОРДАНОВА
Вечерва во НУЦК „Бели мугри“ беше отвореа хуманитарна донаторска изложба „Трага во бесконечноста“ во чест и спомен на младата уметничка Сара Јорданова На настанот полн со емоции присуствуваа голем број роднини пријатели и другарки на Сара Јорданова. При отворањето на изложбата беше речено дека Сара беше личност со големо срце, неизмерна добрина и исклучително уметничка…
