локално
БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН WI-FI ВО 64 ОПШТИНИ НИЗ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Кочани, 19 февруари 2026 година – Денеска официјално беше промовирана иницијативата WiFi4WB (WiFi за Западен Балкан) во Северна Македонија, со што започна поставувањето на бесплатни јавни Wi-Fi мрежи во 64 општини низ земјата. Церемонијата се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, на една од првите инсталирани мрежи, како дел од координирана серија…
КОГА СУЕТАТА ИМ Е ПОВАЖНА ОД ТРАДИЦИЈАТА
За утре (Четврток) Општина Кочани ја најави манифестацијата „Спортист на годината 2025“ која како и минатата година ќе се одржи во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани. На наша реакција до надлежните во општината зошто полека се руши една традиција која датира од 1969 година а тоа е ваквите манифестации наместо како на концерт во…
ТППЕ КОЧАНИ ДОБИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО, ДОНАЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
Во кругот на ТППЕ – Кочани пристигна чешката донација, десеттонска цистерна „татра“ со погон на шест тркала и висока клиренс пумпа за вода од 760 кпс. На настанот, на кој присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, градоначалникот Грозданов упати благодарност до Република Чешка…
НОВО ВОЗИЛО ВО ВОЗНИОТ ПАРК НА ДПД КОЧАНИ
ДПД Кочани од денес е побогато за уште едно противпожарно возило. Возилото пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од нашите колеги од ДПД Унтершлајсхајм, на кои им упатуваме искрена и голема благодарност. ДПД Кочани во целост ги презеде трошоците за транспорт, како и обврската за плаќање на данок и царински давачки кон државата….
ДЕФЕКТОТ ОТСТРАНЕТ, СЕ ВРАТИ ОСВЕТЛУВАЊЕТО НА КЕЈОТ НА КОЧАНСКА РЕКА
По објавениот текст „Кочани и понатака тоне во мрак“, од надлежните добивме известување дека се работи за дефект на главниот кабел од кого со поврзување се осветлуваат канделабрите покрај кејот на Кочанска река и дека се прават обиди тој да биде што побрзо отстранет. Во моментот на целиот дел покрај кејот како и на мостовите…
АКО Е ЗА АИР, ДОСТА СЕ ТРОШЕА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЦРНА ХРОНИКА
Украдена оградата на ПД „АСНОМ“, украден дел од кровот на истиот дом, разбиено музичкото училиште, разбиена трафостаница, запалени кабли предизвикаа пожар од големи размери, палење на гуми, оштетени клупи, оштетени канделабри, украдени или искршени реквизити во детските игралишта и што ли уште не, се штетите кои постојано некој ги прави во градот и околината. И…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО РАКОМЕТНИТЕ НАВИВАЧИ ОД КОЧАНИ
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, оствари средба со навивачите на Македонската ракометна репрезентација од Кочани, кои беа дел од верната поддршка на нашите ракометари на Европското првенство во Данска. Навивачите ги споделија своите впечатоци од патувањето, атмосферата на натпреварите и дружењето со навивачи од други земји, а особено ги истакнаа топлиот прием и гостопримството…
ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СТРУЈА – ЦЕЛИ ЗА ПОКВАЛИТЕТНИ УСЛУГИ ОД КЈП „ВОДОВОД“
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска изврши увид во тековните активности за чистење на бунарите во Грдовски Орман, од каде што се обезбедува водата за пиење што ја дистрибуира КЈП „Водовод“ и оствари средби со раководни и стручни служби од кочанското комунално претпријатие. Со чистењето на бунарите се очекува значително подобрување на капацитетот на…
ВТОР ДЕН СЕ РАСЧИСТУВА ДЕПОНИЈАТА ВО МЕСНОСТА „ДИВИ ГРАДБИ“ – ОТСТРАНЕТИ НАД 500 МЕТРИ КУБНИ ОТПАД
Втор ден трае расчистувањето на дивата депонија во месноста позната како Диви Градби, која се наоѓа меѓу населбите Трајановo Трло и Усова Чешма во Кочани. Акцијата ја спроведуваат екипи и механизација на КЈП „Водовод“, кои досега изнесоа повеќе од 500 кубни метри отпад. На терен се и градоначалникот Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“…
ПОСТАВЕНА ЗАШТИТНА ОГРАДА НА СКАЛИТЕ НА УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО КОЧАНИ
Со цел да се зголеми безбедноста на пешаците, на почетокот на улицата „АСНОМ“ во Кочани е поставена заштитна ограда на скалите. Оваа интервенција е реализирана како превентивна мерка за намалување на ризикот од незгоди при движењето, особено во услови на зголемена фреквенција на сообраќај и стрмен терен. Улицата „АСНОМ“ се спојува со „Кеј на…
