локално
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2025/2026 ГОДИНА
Триесет и еден студент од Кочани ќе користи стипендија од Општина Кочани за академската 2025/2026 година. Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов им ги додели договорите на студентите и им посака успех во понатамошното студирање. „Очекувам општинската стипендија, која од оваа година е со зголемен износ, да биде добра мотивација и поддршка за да постигнувате…
НОВАТА ГРАДИНКА „ДЕТЕЛИНКИ“ СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА
Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за социјална политика Ѓоко Велковски, пратеникот Миле Лефков и претставници од централната и локалната власт, денеска свечено беше пуштен во употреба новиот објект на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во населбата Драчевик во Кочани. Градоначалникот Владко Грозданов истакна дека новиот објект „Детелинки“ при Детската градинка „Павлина Велјанова“ е директен…
РЕЛАТИВНО МИРНА АТМОСФЕРА ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, првиот ден од 2026 година ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Одделението за внатрешни работи – Полициска станица – Кочани, каде што на дежурните служби им ја честита Новата година и разговараше за активностите преземени во текот на празничната ноќ. Во ТППЕ – Кочани информираа дека единицата…
МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ЉУТКОВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
„Разговаравме за состојбата на културата на локално ниво и добивме целосна поддршка од Министерството и министерот Љутков за решавање на актуелни проблеми и потреби во оваа сфера“ соопшти градоначалникот Грозданов. Како поддршка на Кочани во периодот по трагедијата, Министерството за култура издвои износ од 2 милиона денари за идејно решение за спомен-обележјето за починатите во…
ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО ЦГР ВО КОЧАНИ
Продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација во централното градско подрачје на Кочани Во понеделник, 22.12.2025 година, продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Шопингот до мостот кај Плоштадот. Бележењето на хоризонталната сигнализација ќе се реализира со поддршка на полициски службеници од Одделението за безбедност во…
СМЕНЕТ РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ ВО КОЧАНИ
Започна да се применува новото сообраќајно решение во централното градско подрачје на Кочани. „Од новото сообраќајно решение очекуваме подобрување на движењето во Кочани, подобра циркулација, побрз проток и побезбеден пристап. Сообраќајното решение не е комплицирано, од овде, од кружниот тек кај Полициската станица по улицата во насока од југ кон север по „Кеј на револуција“…
СТАПУВА НА СИЛА НОВИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ
Од утре, среда, 17 декември 2025 година, со почеток во 9 ч. ќе започне најавената измена на сообраќајниот режим од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ до кружниот тек кај Двојниот мост. Изменетиот режим ќе се имплементира со поддршка од полициски службеници…
БЕТОНИРАНА ПЕШАЧКА ПАТЕКА КАЈ АЛЕЈАТА НА АНГЕЛИТЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО КОЧАНИ
По барање на родители на починати деца од Кочани во трагедијата во „Пулс“, а по претходно детектирани и образложени проблеми со кои тие се соочуваат при посетите на Градските гробишта, Општина Кочани уреди пешачка патека во непосредна близина на Алејата на ангелите. Бетонираната пешачка патека е со должина од 130 метри и ширина од…
СЕ СПРОВЕДУВА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ УЛИЦИ И ТРОТОАРИ ВО ГРАДОТ
Со цел да се подобри степенот на јавната чистота, во текот на викендот екипи на КЈП „Водовод“ – Кочани спроведоа акција за чистење на улиците и тротоарите низ градот. Активностите беа насочени кон јавни површини на коишто подолг период немало континуирано одржување и собирање на отпад. Координирани од градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ВО ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“
Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев го посетија манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста Добра Вода, во близина на Оризари. Во рамките на посетата извршија увид во тековните градежни активности, односно на изградбата на кујната во дворот на манастирот, наменета за подобрување на условите за престој и организирање…
- 1
- 2
