празници

УСПЕШНО  РЕАЛИЗИРАН  ИЗВИДНИЧКИОТ  ЗИМСКИ  КАМП  НА  ИО   „ЛАСТОВИЦА“  ОД  КОЧАНИ

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ИЗВИДНИЧКИОТ ЗИМСКИ КАМП НА ИО „ЛАСТОВИЦА“ ОД КОЧАНИ

Со завршувањето на зимскиот распуст на учениците успешно заврши и традиционалниот извиднички зимски камп на Осогово. Оваа година на зимскиот камп учествуваа 60 извидници предводени од три старешини и двајца водачи. Извидниците беа сместени во „Осоговски конак“ каде успешно беа реализирани сите предвидени актвности и извиднички вештини. Извидниците преку ова неформално образование преку забава и…

БАДНИКОВАТА  ПОВОРКА  НА  ДЕЧИЊА  ОД  ОБЛЕШЕВО  ПОРАЧА:  ЧЕСТИТ  БАДНИК  И  ЗА  МНОГУ  ГОДИНИ

БАДНИКОВАТА ПОВОРКА НА ДЕЧИЊА ОД ОБЛЕШЕВО ПОРАЧА: ЧЕСТИТ БАДНИК И ЗА МНОГУ ГОДИНИ

Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ „Климент Охридски“ –  Облешево и свештениците од МПЦ Со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата се пренесе порака за мир и соживот во Христијанскиот свет. Денес во предвечерието на…

ДЕЧИЊАТА  ВО  ГРДОВЦИ  ГО  НАЈАВИЈА  ХРИСТОВОТО  РАЃАЊЕ

ДЕЧИЊАТА ВО ГРДОВЦИ ГО НАЈАВИЈА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

Дечињата денес создадоа празнична атмосфера и расположение низ улиците во Грдовци најавувајќи го со песната “Вечниот Бог” утрешниот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање. Поворката во која учествуваа околу 60тина деца, тргна од Црквата Света Троица, се движеа низ улиците низ селото и заврши во црквата каде им беа поделени пакетчиња. Ги имаше од сите…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  ЉУПЧО  ПАПАЗОВ  ИМ  ГИ  ЧЕСТИТАШЕ  ПРАЗНИЦИТЕ  НА  УЧЕСНИЦИТЕ  ВО  БАДНИКОВАТА  ПОВОРКА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ИМ ГИ ЧЕСТИТАШЕ ПРАЗНИЦИТЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО БАДНИКОВАТА ПОВОРКА

Околу 400 деца кои учествуваа во Бадниковата поворка беа примени од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој пред општинската зграда со подароци им ги честита Бадник и големиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ. Бадниковата поворка ја организира свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ од Кочани. Годинава бројот на учесниците е удвоен во споредба…

БОЖИЌНА  ЗАБАВА  ВО  КОЧАНИ  СО  АЛЕКСАНДРА  ЈАНЕВА

БОЖИЌНА ЗАБАВА ВО КОЧАНИ СО АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА

По повод претстојниот христијански празник Божиќ, Општина Кочани и Пролет бар, на 7 јануари 2025 година организираат Божиќна забава. Во Градскиот парк во Кочани, со почеток од 13 ч. ќе настапи македонската поп-пејачка Александра Јанева. Настапот на Јанева е дел од празничната музичка програма што започна во декември, во чии рамки беше и организираниот дочек…

ТРАДИЦИЈА  –  ЈАРЕНЦЕ  КОЗЕНЦЕ

ТРАДИЦИЈА – ЈАРЕНЦЕ КОЗЕНЦЕ

Пријатно започна и вториот ден во 2025 година. Група дечиња ги посетија домовите на наши сограѓани, со што не потсетија денес на вториот ден од годината за традицијата „јаренце козенце“ Како што ни кажаа повеќето не им ги отворале вратите, но други пак  ќе им подаделе  овошје, оревчиња, нешто спакувано и по некој денар а…

СО  МУЗИЧКА  ПРОГРАМА  И  ОГНОМЕТ  КОЧАНЧАНИ  ЈА  ДОЧЕКАА  НОВАТА  ГОДИНА

СО МУЗИЧКА ПРОГРАМА И ОГНОМЕТ КОЧАНЧАНИ ЈА ДОЧЕКАА НОВАТА ГОДИНА

Со организирана музичка програма, новогодишен огномет и многу забава, синоќа големиот број посетители во Градскиот парк во Кочани ја дочекаа Новата 2025 година. Публиката уживаше во настапите на Наташа Малинкова, Habana Breeze Band i Dj Sandex. Празничната музичка програма ќе трае до 14 јануари, а музички настан ќе се одржи и на 7 јануари Божиќ,…

НОВОГОДИШНИ  ПАКЕТЧИЊА  ЗА  УЧЕНИЦИТЕ  ОД  КОЧАНСКИТЕ  ОСНОВНИ  УЧИЛИШТА

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ја испратија 2024 година со новогодишна дружба со Дедо Мраз и со градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој посакувајќи им добро здравје, многу радост и успеси во претстојната 2025 година, им додели пакетчиња. Во соработка со приватниот сектор, во предновогодишниов период Општина Кочани обезбеди пакетчиња на ученици…

ФА  „ЉУПЧО  САНТОВ“  ГО  ОДРЖА  ТРАДИЦИОНАЛНИОТ  НОВОГОДИШЕН  КОНЦЕРТ

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ГО ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари по 23. пат го одржа новогодишниот концерт. Пред многубројната публика во салата во Оризари, членовите на ФА „Љупчо Сантов“ се претставија со разновидна програма – инструментална изведба на тапани, песни и ора. Премиерно беше изведен фрагмент од орото Малешевка, а концертот заврши со орото Комитска легенда. ФА „Љупчо Сантов“…

НАСТАПИ  НА  ДЕТСКАТА  ГРАДИНКА  „ПАВЛИНА  ВЕЛЈАНОВА“  ВО  „ПАРКОТ  НА  РЕВОЛУЦИЈАТА“  ВО  КОЧАНИ

НАСТАПИ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ ВО КОЧАНИ

Во пресрет на новогодишните и божиќните празнувања, денеска во Градскиот парк во Кочани децата и учителките од Детската градинка „Павлина Велјанова“ прикажаа музички точки и театарска претстава. Новогодишното хорче составено од деца од големата група од објектот „Ѕвездички“ испеа неколку новогодишни песни, а учителките од објектот „Цветови“ ја изведоа претставата „Нова година иде, што ли…