празници

ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР И ДИЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА
Општина Кочани и „Пролет бар“, како избран организатор на јавно наддавање, ги започнаа подготовките за организирање на Новогодишниот базар, настан што во пресрет на Новата година се одржува во Градскиот парк. Покрај настапите на повеќе естрадни уметници и тематски забави планирани во периодот од 20 декември 2024 до 14 јануари 2025 година, Општина Кочани ќе…

СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА СИ ГО РАЗУБАВИЈА ПРОСТОРОТ ПРЕД ДУЌАНИТЕ И ГИ НАЈАВИЈА ПРАЗНИЦИТЕ
Сопствениците на дуќаните во просторот за минување „тунелот“, во Ламела Б во Трговскиот центар деновиве поставија новогодишни сијалици со што му дадоа еден посебен шмек на просторот и го најавија доаѓањето на Новогодишните и Божиќните празници. „Не се важни средствата што ги издвоивме за да го украсиме просторот пред нашите дуќани важно е што нашата…

ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА 29-ТИ НОЕМВРИ РОДЕНДЕНОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА
Годините минуваат, навики остануваат па така денес членовите на ЗД „Јосип Броз ТИТО“ од Кочани останаа верни на традицијата, го прославија денешниот ден 29-ти Ноември, роденденот на некогашната држава, Југославија. Колона од десетина возила украсени со тробојката на Југославија и Македонското знаме продефилираа низ улиците во централното градско подрачје. . За потсетување, на денешен ден…

ФПСМ И ПСК „ОСОГОВО“- КОЧАНИ СО ПОКАНА ЗА НАСТАН „ПОНИКВА 2024“
Почитувани планинари, планинарски клубови и љубители на планината, ФПСМ и ПСК Осогово – Кочани ве покануваат на настанот „Пониква 2024” каде на 8 декември заедно ќе го одбележиме Светскиот ден на планините. ПРОГРАМА – планинарска акција – доделување признанија – забавен дел. ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈА – Опис на акцијата Стартот е во 09:00 часот од паркингот…

ПОЧИТ КОН РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ ЗА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев и општински делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата во Кочани, на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка…

ПО ПОВОД ИЛИНДЕН – СВЕЖО ЦВЕЌЕ И ПОЧИТ КОН ЖРТВИТЕ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА
По повод Денот на Републиката – Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и локални ограноци на политички партии положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во…

ЛЕВИЦА ЛО – КОЧАНИ: ВЕЧНА СЛАВА НА ИЛИНДЕН И АСНОМ
Денес се навршија 121 годинa од првиот и 80 години од вториот Илинден. Со цел да искажеме почит кон жртвите од вековната борба и со ветување дека борбата сѐ уште трае, членови на Левица – ЛО Кочани положија цвеќе на Споменикот на слободата. Вечен да е Илинден! АСНОМ живее! Смрт на фашизмот- слобода на народот!…

ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЗА „АУТО ВЕЛТ“
Со одигрување на финалето и доделувањето на признанијата синоќа на заградените терени во дворот на ОУ „Кирил и Методиј“ беше спуштена завесата на 22. издание на Петровденскиот Фудбалски Турнир. Годинешен победник е екипата на „Ауто Велт“ која во финалето беше поуспешна од „Рели“ и славеше со 2:1. Самиот натпревар беше доста интересен и возбудлив а…

ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН МАРАТОНЕЦОТ ИЛИЕВ ГО ПРЕПЛИВА „ГРАТЧЕ“
Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото Гратче. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време. Лекарот и продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање им порача на граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и…

ОПЕРАТА „ДИДОНА И ЕНЕЈ“ ПРИКАЖАНА ВО ПРЕКРАСНИОТ АМБИЕНТ НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА
Синоќа, во средишниот сценски простор на Споменикот на слободата во Кочани, во организација на Општина Кочани, Студентскиот културен центар од Ниш ја изведе операта „Дидона и Енеј“. Музиката за камерната опера „Дидона и Енеј“ е на англискиот музичар и композитор од епохата на барокот Хенри Персел, а академскиот хор при СКЦ – Ниш и камерниот…