Традиција

РЕГИОНАЛЕН САЕМ НА МУЗИЧКИ ВЉУБЕНИЦИ ВО ВИНИЛОТ
Во Градскиот парк во Кочани се одржа Регионален саем на музички вљубеници во винилот. На саемот беа присутни десетина излагачи од Македонија, Црна Гора, Србија, и Бугарија, кои понудија музика на сите класични носачи на звук – грамофонски плочи, компакт-дискови и аудиокасети. Вљубениците во музиката на винили имаа можност да ги дополнат своите колекции…

ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – КОЧАНИ 2025 ЗА ЕКИПАТА НА „АЛЕ-ДАР“
Екипата на „Але-дар“ е победник на овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. На теренот на СРЦ „Бавчалук“, во финалето „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат 7 : 3. Третото место го освои тимот на „Денка транспорт“. Најуспешните екипи добија ваучери од 60, 30 и 15 илјади денари. За најдобар играч на…

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
В сабота, 12 јули, со почеток во 16:30 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи комеморација за загинатите во пожарот во „Пулс“ во Кочани. На настанот што го организира Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст – Кочани, ќе им биде оддадена почит на загинатите…

ПЕТРОВДЕНСКА ЛИТИЈА
Во пресрет на Петровден, по вечерната празнична богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“, на која чиноначалствувaше митрополитот Брегалнички г. Иларион, беше организирана литија до Градскиот парк, која заврши со осветување и кршење на празничниот колач. Упатените молитви за здравје и благосостојба беа придружени и со молитви за загинатите во пожарот во „Пулс“. „Тие денеска од…

ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН
По повод Петровден, во дворот на црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ се одржа Духовна академија посветена на светиот апостол Петар, патронот на Кочани. Духовната академија започна со палење на 63 свеќи во чест на загинатите млади во пожарот на 16 март оваа година во Кочани, а митрополитот Брегалнички г. Иларион со свештенослужители одржа панихида за…

ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПЕТРОВДЕН
Со празничната вечерна богослужба во црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, од денеска (11 јули 2025 г.) започнуваат содржините од годинашново одбележување на Петровден, Празникот на градот Кочани. Литургијата, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички Иларион, започнува во 17 ч. По неа, во 18:15 ч. ќе има литија на релацијата од кочанскиот…

ВИКЕНДОВ КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПЕТРОВДЕН
Во организација на Општина Кочани, претстојниов викенд, со културно-забавни и духовни содржини ќе биде одбележан Петровден, Празникот на Кочани. Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот, на 12 јули, со почеток во 13 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се одржи настан посветен на прекинатата младост на 62-те…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
Денеска, Територијалната противпожарна единица Кочани го одбележа 20 мај, Денот на македонските пожарникари. По тој повод во кругот на ТППЕ Кочани празникот беше одбележан со прогласување на најдобар пожарникар и доброволен пожарникар за 2024 година. Наградата за најдобар пожарникар за 2024 година му припадна на Трифче Лефков од ТППЕ Кочани, додека награда за најдобар доброволен…

ХОТЕЛ „АМОР“ – КОЧАНИ, ДЕСЕТ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА, ДЕСЕТ ГОДИНИ ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
По повод прославата 10 години постоење на Хотел „Амор“ – Кочани менаџерскиот тим се потруди да понуди новитети за своите клиенти. За да клиентите бидат уште повеќе задоволни од целокупната понуда, деновиве заврши реновирањето на салата која беше наменета за свадбените свечености. Од сега младенците и нивните гости ќе имаат сала со поинаков и поубав…

ВОДИЦИ – ОСВЕТЕНИ ВОДИТЕ НА „КОЧАНСКА РЕКА“, КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА ГОРАН ЗАШОВ
Во присуство на неколку илјади Кочанчани а по повод големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“ денес со фрлање на крстот беа осветени водите на „Кочанска Река“. Крстот во водите го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион а од 44 пријавени капачи најбрз и најсреќен беше 39-годишниот Горан Зашов. Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм…