КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ – КОЧАНИ СО АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ

март 11, 2026
0 минути

Во организација на Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани во Сабота на 14.март се организира акција за пошумување.

Акцијата ќе биде реализирана во месноста викана „Пресечена скала“ над Фабриката за вода во Кочани каде е планирано да бидат засадени 300 садници Багрем. Истиот ден, поточно по завршувањето на акцијата за пошумување се организира и прошетка околу Гратче во должина од 8 километри.

Стартот на прошетка е од месноста „Пресечена скала“ преку „Мактеон“ со крајна дестинација Водопадите на Голема Река.

Акцијата со пошумувањето и прошетката се во чест на сите загинати во трагедијата во  „Пулс“ во која животот го загубија и членовите на КПС „Осоговски орел“,  Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев.

Зборно место е „Пресечена скала“ а превозот е во сопствена режија. Почетокот на пошумувањето е планирано за во 13:00 часот

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ