Нашите визионери на Forbes во САД Македонската претприемничка и креативна сцена никогаш не изгледала посилно. Оваа година, Никола Илиев (Nickarth / Rialians On Earth) и Моника Илиева (Monika Ilieva) – ко-основачи на Cafe De Anatolia и членови на Forbes Business Council, заедно со Михаела Ѓорчева, основачка на Киноверзум и претставничка на Славјански Универзитет, ја претставија Македонија на престижниот Forbes Under 30 Summit, кој се одржа во Колумбус, Охајо, САД.
Настанот ги обедини најуспешните млади лидери, визионери и иноватори од целиот свет. Македонските учесници беа дел од дискусии, презентации и networking активности, заедно со светски познати имиња како Алекс Ворен (чиј хит „Ordinary“ стана глобален успех), актерката Лили Рајнхарт (Riverdale), олимписката шампионка Суни Ли, најмладата самостојна милијардерка Луси Гуо, Џејк Шејн, Џош Ричардс и многу други визионери кои ја обликуваат иднината на глобалната креативна економија.
Под водство на фамилијата Илиеви Cafe De Anatolia се издигна во еден од највлијателните европски музички брендови, кој успешно ги спојува музиката, културата и претприемништвото. Компанијата неодамна потпиша стратешки договор со Sony Music Publishing, со што Cafe De Anatolia стана првиот европски бренд од својот вид што постигнал вакво партнерство – историски успех за македонската и европската музичка индустрија. Во исто време, Михаела Ѓорчева, преку своите културни и образовни иницијативи
Киноверзум и својата активна улога како претставничка на Факултетот при Славјански Универзитет, придонесува за промоција на македонската уметност, образование и култура на меѓународно ниво.
Нејзината работа претставува мост меѓу младите креативци и глобалните културни платформи.
Настапот на овие тројца млади визионери симболизира нова ера на македонската претприемничка, уметничка и иновативна сцена – заснована на талент, визија и глобална поврзаност. „Музиката, културата и образованието се мостови кои ги поврзуваат луѓето надвор од сите граници,“ истакнуваат македонските претставници, нагласувајќи дека Forbes е токму местото каде што тие мостови се градат. Новата генерација Македонци е тука — смела, инспиративна и подготвена да го освојува светот.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ