МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „ИВОНА АНТОВА И 63 АНГЕЛИ“

февруари 6, 2026
1 минути

По повод една година од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загуби нашата млада планинарка Ивона Антова, во нејзина чест и во спомен на 63-те прерано згаснати животи, Планинарско спортскиот клуб Осогово – Кочани на 15 март го организира првиот меморијален марш „Ивона Антова и 63 Ангели“.

Маршот ќе се реализира на туристичкиот локалитет Пониква.

Почеток: Аеродром Пониква – 09:00 часот

(место каде ќе започне изградбата на Меморијалниот споменик „Ангели“)

Предвидена патека:

Пешачење до највисокиот врв на Пониква – врв Панаѓур (1669 м.н.в.)

Должина на патеката: 9 км (кружна)

Лесна и пристапна патека, наменета за сите категории планинари, рекреативци и љубители на природата

По завршувањето на маршот, за сите учесници ќе биде организиран заеднички ручек во манастирската трпезарија.

За сите клубови, училишта и организирани групи учесници, ПСК Осогово ќе додели благодарници за учество и поддршка.

Да зачекориме заедно по патеките што ги сакаше Ивона, да ја зачуваме спомената за неа и за сите наши ангели, и преку заедништво и љубов кон природата да испратиме порака дека никогаш нема да бидат заборавени.

Пск Осогово ги повикува сите планинарски клубови, рекреативци, училишта, Општината, како и родителите на починатите и повредените деца, заеднички да им оддадеме почит на нашите Ангели – спомен што засекогаш ќе живее и почит што длабоко ја заслужуваат

Контакт 078 270 724 Тошо Антов

071 314 482 Стојка Антова

078746970 Зоран Николов

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ