Денес на посета во Младинскиот Центар „Гнездо“ ни беше амбасадорката на САД во Македонија – г-ѓата Ангела П. Агелер.
Заедно разговаравме за нашите почетоци, за нашите цели, за препреките кои ги надминавме, како и за поддршката што секојдневно им ја даваме на засегнатите и нивните семејства.
Особена чест ни е што „Сапорт Кочани“ како граѓанска иницијатива, родена од трагедијата во Кочани е препознаена од еден од најголемите партнери на Македонија.
Со амбасадорката имавме продуктивна дискусија за директна поддршка на Кочани од страна на претставниците од Американската амбасада во Скопје во Македонија, особено во делот на едукативните работилници за младите во Кочани.
„Сапорт Кочани“ е пример дека кога се работи со чисто срце и искрени намери, поддршката не познава граници.
Сапорт Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ