На 23 февруари 2026 г., во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа јавна консултација во врска со Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани.
Иницијативата „Развивање на планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ е дел од Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, Договор на Министерство за транспорт на РСМ со заеднички настап на TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како водечки член) и Bogazici Proje Muhendislik A.S (Турција, како член, консултант).

Иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина. Развивањето и спроведувањето на Планот за одржлива урбана мобилност (ПУМП), SUMP е сложен процес кој се спроведува во Кочани за локална транзицијата кон одржлива урбана мобилност.
Присутните имаа можност директно да се запознаат со процесот на планирање, да слушнат стручни мислења, да согледаат колку е важно младите да бидат вклучени во креирањето на иднината на сообраќајот и урбаната мобилност и да го искажат своето мислење во изготвувањето на стратешкиот документ за урбана мобилност.

На јавната консултација значаен придонес дадоа претставници од ОУ „ Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, учениците од сообраќајната струка со своите професори од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани и советничка од Советот на Општина Кочани.
Во интерес на тоа Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани да биде прифатлив и ефективен во практична и оперативна смисла, на линкот https://drive.google.com/uc?export=download&id=1ATZZsGChg_26NFl09ao4fwZXF1AEWAyT е работната верзија на планот, како можност за увид и за доставување предлози до Општина Кочани. Рокот за доставување предлози е до 9 март 2026 година, до Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани или на е-адресата: [email protected].

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
