Во моменти кога еден град се соочува со предизвик, најважно е да покажеме дека не се сами. Солидарноста и меѓусебната поддршка се вредности што нè обединуваат и нè прават посилни како заедница.
Во таа насока, Општина Кочани, во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани, испрати шлепер со пакувана вода за пиење како помош за граѓаните на Гостивар.
Кочани многу добро знае што значи да се поминува низ тешки моменти. Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака, поддршката и солидарноста што ја добивме од општините, институциите, компаниите и граѓаните од целата држава кога нам ни беше најтешко.

Токму затоа, денес е наша должност да бидеме покрај оние на кои им е потребна помош.
Транспортот и доставата на водата до Гостивар се организирани од Општина Кочани и КЈП „Водовод“.
На граѓаните на Гостивар им посакуваме што поскоро да ја надминат оваа состојба и да се вратат во своето нормално секојдневие.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
