ОТВОРЕНА РАБОТИЛНИЦА ЧИЈ ПОКРОВИТЕЛ Е АМБАСАДАТА НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

декември 17, 2025
0 минути

Под покровителство на Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија а во организација на Здружението на граѓани „ОдонАта“ од Кочани, денес во Салоан Фоаје 2 во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани беше претставен проектот „Репродуктивна уметност и дизајн со инспирација од шпанската естетика – Создавање на органски врски со традиционални состојки од Кочани“.

Самиот проект подразбира отворена работилница во која локални уметници и млади ученици че изработуваат продукти и слики од рециклирани и органски материи, преку спој на уметноста, архитектурата и современиот дизајн, проследен со инспирација од шпанската естетика.

На започнувањето на работилница присуствуваа љубители на оваа уметност а присутните ги поздрави и за самиот проект свое обраќање имаше Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рафаел Соријано Ортиз.

Самиот проект денес во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани ја доживеа својата реализација.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ