Во организација на Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани денеска се одржа 19. Петровденски планинарски марш, како дел од програмата за одбележување на патрониот празник на градот – Петровден.

Маршот започна од месноста Аеродром на Осоговските Планини и се одвиваше по патека долга околу шест километри до Раткова Скала. Покрај планинари од Кочани, учествуваа и членови на повеќе планинарски клубови од различни градови во Македонија.

По маршот, во манастирот „Св. Василиј“ на Пониква беше организирана традиционална планинарска дружба, а ПСК „Осогово“ им додели благодарници на учесниците и поддржувачите, како и признанија за најмладиот и највозрасниот планинар.

Настанот се реализираше со поддршка на Општина Кочани, во рамките на програмата за одбележување на Петровден.


КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
