ПО ПОВОД ИЛИНДЕН – СВЕЖО ЦВЕЌЕ И ПОЧИТ КОН ЖРТВИТЕ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

август 2, 2024
0 min read

По повод Денот на Републиката – Илинден,  градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов  со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и локални ограноци на политички партии положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

– Се поклонуваме пред жртвите за слободна Македонија одбележувајќи 121 година од Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Славејќи го Илинден – најголемиот македонски празник, ги славиме идеалите на илинденците за воспоставување поправедно општество и асномските темели на слободната македонска држава.

Возвишените илинденски чувства ги чуваат вековните стремежи на Македонија за слободен народ во своја, слободна држава.Илинден нека остане наша водилка кон слободна, просперитетна, успешна и напредна Македонија. Нека ни е честит Илинден – Денот на Републиката и нека ни е вечна Македонија – истакна во празничната честитка градоначалникот Папазов.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ