Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.С.(66), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.
На 29/30.07.2022, со намера да избегне хумано отстранување на свињите од неговото одгледувалиште во с.Цера, ги пренел во с.Мојанци и ги пуштил слободно да се движат на отворено, нудејќи ги за продажба, со што постапил спротивно точките 3.8 и 5.5 од Решението за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.
ИЗВОР: Дневни билтени од МВР